Реал Мадрид одново не брилјираше на домашен терен и играчите добија свирежи од гледалиштето на „Сантијаго Бернабеу“, но дури и во такви услови, „кралевите“ си ја завршија задачата и запишаа дерби победа против Севилја.
Во последниот натпревар за 2025-та година, Реал славеше со 2:0 против андалузискиот ривал, а сите прашање околу победникот ги реши Килијан Мбапе со пеналот кој го реализираше во 86-та минута.
Овој погодокот беше специјален поради тоа што Мбапе реализираше на денот кога славеше роденден, но уште поважно, и поради фактот што израмни рекорд на Кристијано Роналдо.
De @KMbappe para @Cristiano. 🤍
— LALIGA (@LaLiga) December 20, 2025
LALIGAHighlights | @realmadrid pic.twitter.com/MsJYm3QcZw
Мбапе стигна до 59-ти гол во оваа календарска година и го израмни рекордот на Роналдо за најмногу постигнати голови во една година (2013), а откако го направи тоа, Французинот му посвети и прослава на својот идол.
– Ова е специјален ден за мене. Прославив роденден, а денеска израмнив и рекорд во дресот кој сонував да го носам од најмали нозе. Победивме и то е најважно, а истовремено израмнив и неверојатен рекорд.
– Го израмнив мојод идол, најдобриот во историјата на Реал Мадрид, човекот кој е пример на светско ниво. Сакав да му испратам поздрав со прославата. Секогаш бил учтив и внимателен со мене, ми помогна за адаптацијата во Реал Мадрид и секогаш зборувам многу со него. Јас си имам своја просалва, но сега ја режирав онаа на Кристијано во негова чест. Им посакувам среќен Божиќ на сите мадридисти, – изјави Мбапе.







