Винисиус Жуниор низ текот на годините оформи комплициран однос со противничките фанови во Шпанија, но вчера за првпат ги доби и првите погласни свирежи од „Сантијаго Бернабеу“, пред се поради својата игра против Севилја.
Бразилецот не е во посакуваната форма и не прави разлика онака како што очекуваат навивачите на Реал, па синоќа си доби исвиркувања во моментите кога го напушташе теренот.
Чаби Алонсо го извади Винисиус од игра во 83-та минута и му даде шанса на малиот Гонсало, а без него на теренот, Реал ја потврди победата со гол на Мбапе од белата точка.
🚨 Vinicius has removed his profile picture with the Real Madrid shirt 5 minutes after the game after he was booed by fans. pic.twitter.com/aDeC943mjQ
— RMFCTeam (@RMFC_team) December 20, 2025
Навивачите на Реал за првпат го искажаа јавното незадоволство за изданијата на Вини од стартот на сезоната, па во моменти кога беше вперен прстот кон него, крилниот напаѓач се најде во центарот на вниманието и со својот потег на социјалните мрежи.
Винисиус не негодуваше на измената и мирни ги прифати свирежите од фановите, но веднаш по крајот на мечот со Севилја, ја смени својата насловна фотографија на социјалните мрежи со дрес од Реал и стави нова на која во фокусот му е бразилската репрезентација.
Видеото погледнете го ТУКА.







