Хјустон ја прекина серијата од порази од Денвер и после четири неуспеси конечно славеше над Нагетси, и тоа во нивен дом пред домашната публика.
Рокетси одиграа извонреден натпревар од почеток до крај и го искористија просечното издание на Никола Јокиќ, па на крајот сосема заслужено славеа со 101:115.
Исходот на мечот беше извесен во најголем дел и беше само прашање со колку поени ќе загуби Денвер, а во таква ситуација, видовме и една бесна реакција на Дејвид Аделман.
Тренерот на Денвер полуде по еден недосуден фаул врз Јокиќ, па буквално ја прекина играта и влета на теренот, односно му се внесе во лице на еден од судиите.
David Adelman shouts in the referee's face "WHAT THE F*CK IS WRONG WITH YOU?!" and gets ejected from the game (2nd technical), after Jokic didn't get a foul (with replays) pic.twitter.com/HDb1TOTcue
— MrBuckBuck (@MrBuckBuckNBA) December 21, 2025
Сосема очекувано, Аделман доби исклучување поради ваквото недолично однесување, а Денвер претрпе прв пораз по четири победи во низа над Рокетси.
Кевин Дурент беше лидер во триумфот со 31 поен, Шепард постигна три помалку, додека Јокиќ го заврши мечот со 25 поени.






