[ВИДЕО] Гвардиола со забелешка за најискусниот играч во тимот: Тој е моја слабост, но овојпат не беше добар

Дерби

21/12/2025

09:25

243

Големина на фонт

а а а

Пеп Гвардиола се ослободи од голем број легенди како Кевин Де Брујне, Кајл Вокер, Илкај Гундоган и Едерсон во летниот преоден рок, но реши да го задржи староседелецот Бернардо Силва, но истовремено, да го остави и како клучен играч во стартната постава.

Шпанскиот стручњак се уште му се доверува на искусниот португалски фудбалер, па иако тоа се повторува од натпревар на натпревар, Гвардиола му испорача и една јавна забелешка по победата од 3:0 над Вест Хем.

Перфекционистот Гвардиола минатиот викенд го критикиуваше Фил Фоден по победата од 0:3 над Кристал Палас, но сега редот падна на Бернардо Силва.

– Берни е мојата слабост….. Тој е топ играч, но овојпат мораше да игра подобро. Денеска не сум среќен од неговото издание. Тој е мојот фаворит, но овојпат не сум среќен од него. Тој точно знае што треба да прави и како да игра подобро, има специјалност чувство да се натпреварува и како да направи исчекор во клучен момент.

– Малкумина играчи можат да играат во Мадрид, Барселона, Ливерпул, Милано, а тој е роден за да игра на големи натпревари. Тој играше најмногу натпревари во Манчестер Сити во оваа декада со мене, а тоа е така поради тоа што е сигурен и поради фактот што може да игра на пет позиции. Тој е извонреден, но денеска не играше добро, – изјави Пеп.