Гвардиола ќе се откаже од тројца фудбалери за да доведе поголемо засилување за Сити

Дерби

14/12/2025

13:29

454

Големина на фонт

а а а

Зимскиот преоден рок се ближи, а тоа значи и постојано зголемување на шпекулациите за евентуални трансфери на големите европски клубови.

Англиските медиуми денеска излегоа со информација дека Пеп Гвардиола одлучил да се откаже од дури тројца фудбалери за да може да финансира барем едно посериозно засилување.

Манчестер Сити е во позиција во која може да се надева дека ќе се бори за неколку трофеи, но Гвардиола е убеден дека му е потребно освежување и надградба на ростерот за да му парира на Арсенал, но и на ривалите во Лигата на шампионите.

На трансфер листата ќе бидат ставени Рико Луис, Оскар Боб и Савињо и Сити ќе дозволи нивно заминување уште во јануари, со што би обезбедил подобар фонд за евентуален трансфер.

Сите тројца играчи имаат мала минутажа сезонава, а се чини дека можат да донесат солидни трансфер суми, нешто што посебно важи за Савињо, кој летоска беше блиску до трансфер во Тотенхем.