Рио го провоцираше Карагер, па доби брутален одговор од екс играчот на Ливерпул

Дерби

14/12/2025

13:26

419

Големина на фонт

а а а

Џејми Карагер и Рио Фердинанд се двајца поранешни дефанзивци кои се меѓу најактивните стручни коментатори на англиската сцена, а одредени различни ставови често ги ставаат и на различна страна.

Рио реши да го пецне Карагер за вчерашниот настап на Мо Салах на дуелот меѓу Ливерпул и Брајтон, алудирајќи на критиките кои Џејми ги испрати на адреса на египетскиот фудбалер, но затоа доби и реплика која го стави во незгодна позиција.

Фердинанд го истакна фактот дека навивачите на Ливерпул пееја песна за Салах во моментите кога тој им аплаудираше и побара коментар од Карагер, кој истакна дека Мо заслужил такво нешто со начинот на кој ја искористи минутажата на „Енфилд“. Клупската легенда на Ливерпул потоа испрати провокација на адреса на Рио, за која „ривалот“ немаше конкретен одговор.

– Твоето мислење за цените на билетите за СП 2026?

– Народен човек сигурно би ги повикал Инфантино и ФИФА, или можеби тоа што ти го платија билетот за да бидеш дел од ждрепката е доволно да го купи твојот молк, – напиша Карагер на „Икс“.

Рио Фердинанд и досега добиваше критики од фановите поради начинот на кој се однесувал на ждрепката на ФИФА во Вашингтон, но и поради изјавата дека е „народен човек“ и се грижи за цените на билетите и достапноста до што поголем број фанови.