Ван Дајк: Не знам дали Салах ќе се врати во Ливерпул

Макфакс

14/12/2025

19:11

310

Големина на фонт

а а а

Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк го коментираше моменталниот статус на Мохамед Салах.

Египќанецот се врати во тимот на „Црвените“ откако не патуваше со тимот во Милано за натпреварот против Интер во Лигата на шампионите (1:0). Во саботниот натпревар против Брајтон, тој влезе во игра во првото полувреме и даде голем придонес, со асистенција во победата 2:0.

Познато е дека Салах претходно изрази незадоволство од својот статус на „Енфилд“, но тоа прашање беше решено по разговорите со менаџерот Арне Слот.

Сепак, останува отворено прашање дали дуелот со Брајтон беше последен за Египќанецот во дресот на Ливерпул. Тој сега оди на Африканскиот куп на нации и во зависност од резултатите што Египет ќе ги постигне, би можел да се врати дури кон средината на јануари.

„Му кажав на Мо Салах дека сакам да остане. Нема да ви го кажам останатото“, рече капитенот на Ливерпул и дополни.

„Факт е дека тој сега оди на Африканскиот куп. Сите се надеваме дека ќе се врати и ќе биде важен за нас до крајот на сезоната, но од друга страна, сите знаеме како функционираат работите во фудбалот и немаме поим што ќе се случи“.