Екипата на Борусија Дортмунд не успеа да го освои целиот плен на гостувањето кај Фрајбург во рамките на 14. коло во Бундеслигата.
Дортмунд на крајот може да биде задоволен и што остана непоразен и освои бод (1-1) затоа што на домаќините им беше поништен гол за водство од 2-1 во 87 минута и тоа со помош на ВАР технологијата (офсајд на Матановиќ).
„Милионерите“ поведоа преку Бенсебаини во 31 минута, ама на стартот на вториот дел директен црвен картон заработи Белингам по што работите се променија. Иницијативата на Фрајбург вроди со плод во 75 миинута кога Хелер со мајсторски погодок изедначи на 1-1.
Иако имаше доволно време до крајот немаше промени, односно двете екипи го запишаа петтото сезонско реми во шампионатот.






