Тренерот на Аталанта за ефектот на Скамака: Му кажав дека најдобро се игра со висока температура

Дерби

14/12/2025

13:24

221

Големина на фонт

а а а

Аталанта ја прекина лошата серија во италијанското првенство и тоа со победата над Кајлари, во која Џанлука Скамака се истакна со постигнување на двата гола на својот тим.

Италијанскиот репрезентативец имал висока температура во пресрет на натпреварот, но решил да стисне заби и да му помогне на својот тим.

Тренерот Рафаеле Паладино по натпреварот истакнал дека му дал дополнителна мотивација на својот напаѓач.

– Скамака имаше температура и треска, но реши да му помогне на тимот.

– Му кажав дека кога јас бев фудбалер, најдобрите настапи ги имав со зголемена телесна температура, – рекол расположениот Паладино.

Аталанта во моментов е на единаесеттото место на табелата, со дванаесет бодови помалку од Наполи и Милан, екипи кои имаат и натпревар помалку.