Обелоденет новиот, подмолен план на Швајнштајгер, Ана во страв: Познатата Американка му нуди огромни пари за да го „прегази“ своето семејство и да ѝ ја раскаже сета интима

Точка

10/12/2025

18:19

1.963

Големина на фонт

а а а

Ана Ивановиќ официјално во ноември 2025 година поднесе барање за развод од Бастијан Швајнштајгер пред Општинскиот суд во Минхен, во одделот за семејни спорови. Со тоа, по девет години брак и три заеднички деца, завршува една од најпознатите спортски љубовни приказни во регионот и во Европа.

Според наводи на германскиот „Bild“, Ана Ивановиќ на Палма де Мајорка, каде живее со синовите, поднела и тужба за издршка на децата. Овие информации произлегуваат од правосудни кругови, а постапките се водат паралелно во Шпанија и Германија.

И додека, како што пренесува споменатиот германски весник, нашата тенисерка не сака да се сретне со (скоро) поранешниот сопруг, и нивните правни застапници работат на завршување на разводот, други „чекаат можност“ за ексклузивни информации и приказни што се кроеле зад затворените врати на судниците.

Погодете кој е првиот?


Опра Винфри сака интервју со Швајнштајгер

Неподолго по објавувањето на првите информации за разводот, регионалните и светските медиуми ја пренесоа веста: Опра Винфри наводно му испратила понуда на Бастијан Швајнштајгер да гостува во нејзината емисија. Како што тврдат извори, Опра подготвува „најинтимна сезона досега“ и сака соговорници чии животни приказни се силни, емотивни и глобално интересни.

Поради врвната спортска кариера, животот помеѓу Европа и Соединетите Американски Држави, семејните проблеми и кризи и ненадејниот развод кој привлече големо внимание, Швајнштајгер наводно е еден од нејзините клучни кандидати. Се шпекулира дека е подготвена за гостувањето да понуди околу милион и пол евра.

„Го повикала преку агенти и ПР менаџери најмалку два пати. Фасцинирана е од неговиот смирен карактер и животни избори. Верува дека со Бастијан би добила повеќе од спортско интервју – би добила приказна за филм“, изјавил извор запознаен со преговорите.


Ставот на Ана – без сензационализам

Извор близок до поранешната тенисерка наведува дека Ана никогаш не сакала сензационализам, особено не американски пристап кон експонирање на приватниот живот. Таа живее повлечено, посветена е на децата, но е свесна дека нивниот развод е тема што ја интересира целиот свет.

„Ако Бастијан сака да гостува кај Опра, таа тоа ќе го почитува. Се надева само дека Опра нема да инсистира на детали од нивниот брак“, вели изворот.

Афера како причина за разводот

Германскиот „Bild“ уште на почетокот на јуни 2025 година објавил први информации за кризата во бракот на Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер, откако се појавија фотографии од поранешниот фудбалер со новата партнерка на плажа на Мајорка. Жената со која е виден е сега веќе познатата Силва од Бугарија, која има два сина, а со Швајнштајгер се запознала во училиштето што го посетуваат нивните деца.


Според извештаите на весникот, нивната врска трае уште од летото 2024 година, а неодамна заедно поминале одмор во Грција.

На 22 јули 2025 година, Ана Ивановиќ во официјалната документација како причина за развод навела неверство, со појаснување дека помеѓу неа и нејзиниот сè уште законски сопруг постојат „непремостливи разлики“.