[ВИДЕО] Славниот комичар снимен предозиран на улица, минувачите го спасувале

Точка

11/12/2025

10:02

3.587

Големина на фонт

а а а

Американскиот актер и комичар Енди Дик бил снимен предозиран на улица во Лос Анџелес, додека минувачите му приоѓале и се обидувале да му помогнат. Тој подоцна се огласи по повод инцидентот.

„TMZ“ објави снимка на која тој седи на скали и ја губи свеста. Минувачите изјавиле дека се работи за предозирање и дека повикале итна помош. На видеото во позадина се слуша како некој вика дека треба да се донесе „наркан“ – лек кој се користи во случај на предозирање со хероин, фентанил или други опијати. Изгледа дека лекот бил даден на самото место. Видеото може да го погледнете овде.


Претставник на противпожарната служба во Лос Анџелес изјави за медиумите дека излегле на терен поради предозирање на 59-годишен маж, кој не бил пренесен во болница.

По настанот, Енди за споменатиот медиум изјави дека пушел крек со непознат маж што го сретнал на улиците на Лос Анџелес. Наведе дека инаку понекогаш пуши крек.


„Имаше еден човек на мои години и сочувствував со него. Има деца, беше депресивен и седеше на тротоарот. Потоа извади крек и си помислив: ‘Знаеш што? Можеби ми треба малку од тоа’“, рече тој.

Актерот веќе долги години се бори со зависност од дроги и алкохол. Публиката го памети по неговите улоги во ТВ-сериите „NewsRadio“, „The Ben Stiller Show“ и „Less Than Perfect“, како и по филмовите „Reality Bites“, „Road Trip“, „Employee of the Month“, „Dude, Where’s My Car?“ и многу други.