[ФОТО] Беше ѕвезда на омилениот божиќен филм, сега едвај сврзува крај со крај: По разводот банкротирала, поради долгови морала да го продаде вереничкиот прстен

Точка

11/12/2025

15:50

769

Големина на фонт

а а а

Дали сте подготвени за традиционалниот божиќен филмски маратон? Веќе знаеме што е на репертоарот: романтичните класици „Love Actually“ и „The Holiday“, секогаш радо гледаната комедија „Home Alone“, можеби некој ќе се сети и на прочуените „Gremlins“... Тука се Кејт Винслет, Камерон Дијаз, Маколи Калкин, Хју Грант, Колин Ферт, Ема Томпсон, а кога веќе го споменуваме „Love Actually“, сигурно знаете дека „тоа не би било тоа“ ни без Мартин Мекачен.

Новиот британски премиер Дејвид (Хју Грант) се вљубува во својата асистентка Натали (Мартин Мекачен), а неговата постара сестра Карен (Ема Томпсон) сфаќа дека нејзиниот сопруг Хари (Алан Рикман) има афера со колешката, младата и заводлива Миа... И тука започнува заплетот на неколку љубовни приказни, чии главни ликови меѓусебно се поврзани. Веќе знаете на кој филм мислиме – „Love Actually“, или, во превод, „Всушност љубов“.

Секоја празнична сезона малите екрани се преплавуваат со еден од најомилените божиќни филмови на сите времиња, и секојпат повторно се налутуваме на Рикман што „ја изневерил“ Ема, особено по сцената во која таа дознава за аферата и тоа го поднесува стоечки: кога го наоѓа ѓерданот кој очигледно не ѝ е наменет, бидејќи својот божиќен подарок веќе го добила – албумот на Џони Мичел. И додека двајцата актери реализирале уште многу одлични улоги, како и Грант, Лиам Нисон и остатокот од екипата, Мартин Мекачен никогаш не се најде на актерската A-листа.


Причината за тоа, претпоставуваат аналитичарите на славни личности, е обидот за пробив во Холивуд по огромниот успех на „Love Actually“. Наместо да продолжи да гради име во домашната, британската продукција, која воопшто не заостанува зад американската, актерката одлучила да се обиде во „фабриката на соништата“, но – немала среќа.

Мартин Мекачен, која е родена во Лондон во 1976 година, рано започнала да се занимава со глума: првата улога ја добила кога имала 12 години. Потоа играла во прочуената сапуница „EastEnders“, се појавила во дури 364 епизоди и добила Национална ТВ награда. Успешно настапувала во театар, снимала неколку музички албуми, се појавила во серијата „Midsomer Murders“, но ништо не одекнало толку силно како „Love Actually“.


Приватниот живот го чувала далеку од очите на јавноста. Открила дека била среќно мажена за Џек Мекманус и дека има син Раферти. Сепак, неодамна соопштила дека се развеле по 18 години. Потоа, во јануари, објавила дека е банкротирана. Нејзината компанија завршила во стечај поради долг, само два месеца откако поранешните сопружници ја продале семејната куќа во Сари за околу 1,5 милиони евра.

Меѓутоа, тоа не бил единствениот финансиски удар кој ја погодил актерката по крахот на бракот: нејзината продукциска куќа била затворена поради неплатен данок, а според најновите сметки (до кои дошол Daily Mail), на даночната управа ѝ должи повеќе од 200 илјади евра. Но, ова не е прв пат Мартин да се најде во тешка финансиска ситуација… Некогаш била принудена дури и да го продаде свршеничкиот прстен за да ги плати долговите.


На почетокот на годината најавила голем повраток на малите екрани, а овој месец се појавила дури во пет реклами. Двапати се присетила на старата слава и повторила сцени од култниот филм. За брендот „Costa Coffe“e снимала кампања во која се приклучила на одборот за дочек на лондонскиот аеродром пред празниците. Делела топли напитоци и заедно со хорот ширела божиќна атмосфера.


22 години по премиерата на филмот, заедно со колегата Томас Сангстер снимала реклама за „Google Pixel UK“, која изобилува со ретроспективни моменти и носталгија. Целата улица во Лондон по тој повод била претворена во зимска земја на чудата, а Мартин Мекачен, која се појавила во истиот црвен капут од прочуеното остварување, била одлично расположена. Како да нема никакви проблеми.