Кејт Винслет гостуваше во шоуто на Греам Нортон, каде што сподели необична анегдота поврзана со раперот Еминем и едно негово сосема неочекувано барање. Во студиото со неа беа поранешната новозеландска премиерка Џасинда Ардерн, комичарот Алан Кар и Сет Мајерс.
Разговорот ги однесе до популарната емисија „Saturday Night Live“, каде што Мајерс помина години, а потсети и дека Винслет еднаш била во улога на гостин-водителка, пренесува „Е Њуз“.
Токму од тој период, актерката се присети на својот необичен и како што рече, малку непријатен момент со Еминем.

„Кога бев таму, беше навистина застрашувачки. Тоа беше истата недела кога пејачката Ешли Симпсон беше фатена како синхронизира. Тогаш работев со Еминем. Тој период траеше премиерата за филмот „Neverland“, а Џони Деп и јас моравме да ја прескокнеме пробата затоа што патувавме за Чикаго на интервју кај Опра“, раскажала Кејт.
„И си помислив: ‘О, Боже мој, каков ќе биде воведниот монолог?’ Се враќам во среда навечер, а тие ми велат: ‘Сè уште се обидуваме да го смислиме’“, продолжила таа. „Ве молам, кажете ми. Има уште неколку дена, што ќе ме натерате да правам? Следниот ден влегувам, а тие велат: ‘Можеш ли да пееш?’“
Таа одговорила: „Малку, отприлика, некако“, на што ја прашале дали игра степ. По потврдниот одговор, ѝ рекле дека тоа е „совршено“, но сè уште не ѝ откривале детали. „Си мислев: ‘О Боже мој, што ми се случува сега?’ Ова беше апсолутно страшно. Ми дадоа 24 часа да го научам тоа. Играм степ и пеам целосно во живо една недела по целата работа со Ешли Симпсон“, се присети актерката.
„Еминем ме замоли да му ја избричам задницата“

Но тоа не беше крај на изненадувањата. Актерката потоа споделила уште побизарна приказна. „И морам да кажам уште нешто, а ова е приказна што никогаш, ама баш никогаш не сум ја раскажала. Еминем ме замоли да му ја избричам задницата“, открила Винслет, по што публиката избувнала во смеа.
Водителот на шега ја праша: „Дали тоа беше со рачен жилет?“
„Па, да, рече: ‘Би ми го избричала задникот?’, а јас му реков: ‘Жалам, не се занимавам со лична нега’, како, што?“, се присетила таа. Урнебесно додала: „Нема да ти шетам со жилет по газот, душо. Искрено, никогаш во животот претходно јавно не сум ја раскажала оваа приказна. Ете ти.“









