Британскиот комичар донираше речиси 2,9 милиони евра на здруженија за заштита на животни: „Можев да купам 30 глисери, но...“

Точка

10/12/2025

14:32

485

Големина на фонт

а а а

Комичарот Рики Џервејс донираше речиси 2,9 милиони евра на здруженија за заштита на животните, а парите доаѓаат од дополнителната заработка на неговата стендап-турнеја „Mortality“, која траеше од 2024 до 2025 година.

Вкупно 22 здруженија добиле средства, меѓу кои се „PDSA“, „International Animal Rescue“, „Celia Hammond Animal Trust“ и „Animals Asia“.

„Можев да купам 30 глисери, но…“

Џервејс ја проследил донацијата со својот препознатлив хумор.

„Мама секогаш велеше: ‘Не можеш да го понесеш тоа со себе’. Не можам, мамо. Но, можев да купам 30 глисери и со екипата да се тркам по Медитеранот, напушен од трева и со ‘Bollinger’. Но, добро. Сега е и онака предоцна“, изјави комичарот.

Во објава на платформата „X“ додаде:

„За да ја прославам мојата турнеја ‘Mortality’, ‘Netflix’ специјалот, номинацијата за Златен глобус и божиќниот дух, донирам 2,9 милиони евра за животните. Ова се прекрасните здруженија што ги одбрав. Среќен Божиќ, животинчиња“.

Вкупните донации надминуваат 5,8 милиони евра

Џервејс и претходно бил исклучително великодушен. Неговата претходна турнеја „Armageddon“, наградена со Златен глобус, резултираше со донација од околу 2,22 милиони евра. Со тоа, вкупниот износ што го дал преку четирите негови најнови специјали надминува 5,8 милиони евра.


Новиот ‘Netflix’ специјал номиниран за Златен глобус

Актуелниот „Netflix“ специјал на Џервејс, „Mortality“, номиниран е за Златен глобус за најдобра телевизиска стендап-изведба и глобално почнува да се прикажува во вторник, на 30 декември.

Покрај стендапот, Џервејс е познат како коавтор и ѕвезда на сериите на „BBC“ – „The Office“, „Extras“ и „Life's Too Short“, кои ги работеше заедно со Стивен Мерчант. Тој е и автор на сериите „Derek“ (Channel 4) и исклучително популарната „Netflix“ серија „After Life“.