Ричард Гир (76) и неговата сопруга Алехандра Силва (42) се појавиле на премиерата на нивниот краток документарен филм „Што никој не сака да види“ во Мадрид.
Парот којшто ги има синовите Александар (6) и Џејмс (5), заблескал пред фотографите, Ричард во тегет костум со бела кошула и црни чевли, додека пак Алехандра избрала да носи црн смокинг со сатенски детали кои ја истакнале нејзината беспрекорна фигура.

Својот совршен изглед го надополнила со елегантни чевли и впечатливи обетки со дијаманти. Мислејќи на сите детали, убавата Алехандра косата ја подигнала во опавче, а целиот ефект го надополнила со модерни шишки кои не останале незабележани.
Филмот којшто парот го потпишува како продуценти, има за цел да го подигне свеста и емпатијата кон проблемите со бездомниците.

Претходно годинава, Гир направил преседан и ги покажал своите синчиња на фотографија додека ја промовирал невладината организација „Отворена рака“ која дава бесплатно сместување на лицата кои патуваат заради медицинско лекување.
Ричард со години е активен во хуманитарната работа, а во 2019 година бил и на спасувачки брод во Средоземното море, помагајќи им на мигрантите од Либија.

Во интервјуата, парот истакнал колку е среќен во животот во Шпанија, по преселувањето од САД. Алехандра го пофалила Гир како посветен татко:
„Тој сака да им раскажува приказни. Изгледа како идилична сцена, но тоа е вистина, тој е прекрасен татко“.