Адама Траоре веќе долго време го гледаме на островот во Премиер лигата каде од почетокот на оваа година има нов клуб и тоа е Вест Хем.
Досега одигра 5 натпревари, меѓутоа нема некоја позабележителна улога и засега во новиот клуб се памети по инцидентот што се случи против Челси.
Шпанецот важи за навистина моќен фудбалер, човек, ама некои работи ќе мора да промени и тоа на барање на тренерот Нуно Еспирито Санто. Стратегот му забранил на офанзивецот да оди во теретана или поточно да крева тегови. тежини.
- Неверојатна е [неговата физичка форма], тоа е генетика. [Но] неговата генетика е таква веќе некое време и треба да ја избегнува теретаната. Му реков да не оди во теретана. Тоа е едно од нештата што мислам дека треба да ги сфати. Доволно е тежина што ја носи. Тој ќе работи превентивно [во теретана], но нема да крева тегови.
- На пример, [одбранбениот играч под 21 година] Аиридас Голамбекис, тој поминува часови во теретана – мора да му додадеме тежина. Тој е оној на кого му требаат мускули, тоа е обратно, - истакна Нуно Санто.
Summerville busting Adama lifting weights in the gym 🤣🤣💪 pic.twitter.com/mWv6Swn2El
— Will Wilkinson ⚒️ (@Willwilko82) February 25, 2026








