Валенсија го претстави Димитриевски како суперхерој, Македонецот ќе биде „единица“ до крајот на сезоната!

Дерби

03/03/2026

12:51

2.877

Големина на фонт

а а а

Столе Димитриевски мораше долго да чека за да добие вистинска шанса во Валенсија, па иако истата ја дочека после повреда на свој соиграч, мора да се нагласи дека македонскиот репрезентативен чувар на мрежата донесе огромна стабилност на голот на „лилјаците“.

По активирањето на Столе од 10-ти јануари наваму, Валенсија бележи далеку подобри резултати и избега од опасната зона во Ла Лига, па по послендата победа која „лилјаците“ ја остварија над Осасуна во неделата, Столе беше претставен како суперхерој од својот клуб.

Димитриевски доминираше во воздушните дуели и донесе огромна сигурност во минималната победа од 1:0 над тимот од Памплона, а откако доби хит-посвета од клубот за својата изведба, пристигна и вест која му оди во прилог.

Хулен Агиресабала беше во завршна фаза од рехабилитацијата на повредата која ја заработи на мускулот, но голманот кој ја почна сезоната како стартер во Валенсија, сега поради нова повреда ќе биде во аут до крајот на сезоната.

Како што информираше Валенсија, голманот потешко го повредил коленото на вчерашниот тренинг, по што експресно отпатувал на дополнителни прегледи во Баскија за да се утврди дали е потребна и итна операција.

Според првичните прогнози, Агиресабала го има оштетено менискусот на коленото, а тоа автоматски значи дека за него сезоната е завршена.

Во таква ситуација, Столе ќе го има загарантирано местото број еден во Валенсија како стартен голман до крајот на сезоната, сценарио кое малку кој можеше да го замисли после бурниот период и експлозивното интервју кое го имаше Македонецот во финишот од 2025-та година.