Арбелоа: Трката за титулата не е готова, во игра се…

Дерби

03/03/2026

12:54

377

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид пред две кола се избори за првото место на табелата во Шпанија, но потоа дојдоа два неочекувани порази од Осасуна и Хетафе и сега „кралевите“ одново имаат минус четири во однос на најголемиот ривал Барселона.

Се очекуваше реакција од Реал по негативниот резултат во Памплона, меѓутоа се случи обратното, екипата доживеа нов шок и тоа во својот дом на „Бернабеу“.

Разочарувањето е големо, меѓутоа има уште доста да се игра, преостануваат 12 кола и тренерот Алваро Арбелоа испрати директнна порака дека трката за пехарот е далеку од готова.

- Не, секако дека не. Во игра се уште 36 бода и ние мора да се бориме за нив. Никој овде нема да се откаже, ова е Реал Мадрид. Четири бода се разлика што мислиме дека можеме да ја премостиме, - порача стратегот.

Следно за Реал е жешкото гостување во Галиција кај Селта Виго.