[ВИДЕО] Димитриевски доби честитки од сите соиграчи за јуначката изведба, капа му симна и тренерот Корберан

Дерби

05/12/2025

09:16

598

Големина на фонт

а а а

Столе Димитриевски спречи катастрофа за Валенсија и се претвори во вистински јунак за „лилјаците“ на Куп гостувањето во Мурсија против екипата на Картахена.

Третолигашот им го загорче животот на избраниците на Карлос Корберан и Валенсија после продолженија се избори за пласман во следната рунда, но малку фалеше да доживеа и елиминација во 119-та минута.

Валенсија остана со играч помалку на теренот поради исклучувањето на Сантамарија и Картахена доби пенал во 119-та минута, но на висина на задачата како и на цел натпревар дотогаш беше Столе Димитриевски.

Македонскиот чувар на мрежата го прочита Де Блазис и извонредно го одбрани ударот од 11 метри, а две минути подоцна, Валенсија постигна гол за 1:2 и обезбеди победа на драматичен начин.


Димитриевски секако го понесе епитетот јунак на мечот, а доказ за тоа се сите честитки кои ги доби од соиграчите, но и изјавата која ја даде Карлос Корберан за цело негово добро издание против Картахена.

– Партијата на Димитриевски беше извонредна. Тоа го велам мислејќи генерално на цел натпревар. Не само поради пеналот кој го одбрани, туку и поради својата доминантна улога и смиреноста. Секогаш беше стабилен и тој беше клучен за нашиот пласман во слендата фаза, – изјави Корберан.