Тинејџерските денови покрај тоа што ги паметиме по незаборавните дружби и авантури, многумина од нас ги паметат и по појавата и борбата со пубертетските акни и дамки на кожата. Одеднаш, детската мазна кожа се менува и станува мрсна, со црвенила, црнки и акни. Иако тоа е нормален биолошки процес низ кој треба да помине вашата кожа во тие години, сепак постои чувството на непријатност дека не изгледате убаво, понекогаш се срамите да излезете без пудра и самодовербата ви опаѓа.
За нежната младешка кожа одговор е квалитетната дерматолошки докажана и клинички тестирана козметика. Таа ја негува и регенерира вашата кожа, без да и нанесе дополнителни потешкотии и оштетувања.
Создадете ја вашата рутина за нега на кожа склона кон акни со 3 едноставни чекори:
Чекор 1: Чистење со Eucerin DERMOPURE CLINICAL гелот за миење лице
Секое утро, измијте го вашето лице со Eucerin DERMOPURE CLINICAL гелот, за длабинско и нежно чистење на кожата. Ги корегира дамките уште при првото користење, благодарение на минималистичка формула која е без мирис и сапун и содржи само 8 состојки, вклучувајќи салицилна киселина (BHA) за чистење на порите на кожата без сушење.

Чекор 2: Третирај ги акните со DERMOPURE CLINICAL Triple Action серумот
Нанесете неколку капки од серумот на чисто и суво лице и со нежни движења поминете го целото лице. Серумот помага во намалување на неправилностите и подобрување на текстурата на кожата. Клинички е докажано дека ги корегира трите главни типа на несовршености: дамки, лузни по акните и комедони. Оваа единствена, концентрирана формула комбинира 2% салицилна киселина (BHA) и патентиран тиамидол.

Чекор 3: Заштити се со OIL CONTROL СПФ 50+ кремата

Иако во зима сончевите зраци не се толку силни, сепак после темелното чистење, важно е вашата кожа да биде заштитена во текот на целиот ден. Нанесете од Oil Control кремата со заштитен фактор 50+ за да ги спречите потенцијалните иритации и црвенила или други оштетувања од сонцето, а вашата кожа да остане хидрирана и свежа во текот на целиот ден.

По 4 недели употреба наутро и навечер, 97% од девојките и момчињата забележале подобрување на квалитетот на кожата и самодовербата им се подигнала. Нема потреба да се криете под коректори и пудри, дозволете и на вашата кожа да дише, да се регенира и да ја покаже својата природна убавина.
Комерцијален текст









