Како да ја намалите желбата за слатки? Српски лекар открива практични решенија

Точка

02/12/2025

19:41

299

Големина на фонт

а а а

Желбата за слатки не е „слаб карактер“, туку комбинација од биохемија, навики и начин на живот.

За да ја разбереме, треба да знаеме што всушност се случува во телото, рече проф. д-р Душан Вешовиќ, специјалист по медицина на трудот и фармација и доктор по интегративна медицина, откривајќи практични решенија за справување со оваа желба.

„Кога јадеме слатки, внесуваме прости јаглехидрати – шеќери кои многу брзо го зголемуваат нивото на гликоза во крвта. После тоа, доаѓа до ненадеен пад, што телото го перципира како „аларм“ и испраќа сигнал за повеќе слатки. А колку повеќе шеќер внесуваме, се таложи и вишокот енергија во клетките, што доведува до зголемување на телесната тежина и дополнителни здравствени проблеми“ објаснил д-р Вешовиќ.


Зошто тогаш постојано бараме слатки?

Покрај физиолошките причини, постои и психолошки механизам: шеќерот ослободува допамин, хормон кој создава чувство на награда. Кога допаминот постојано се стимулира, мозокот со текот на времето бара сè поголема количина слатки за да го постигне истото чувство на задоволство. Тоа е спирала што води до зависно однесување, објаснил докторот, пишува kurir.rs.

„Затоа е важно да се стабилизира нивото на шеќер во крвта и да се намалат овие осцилации. Најефикасен начин е внесување на сложени јаглехидрати и влакна, т.е. интегрални житарки, зеленчук, мешунки и овошје. Тие обезбедуваат подолготрајна енергија и спречуваат нагли падови на гликозата“ советува д-р Вешовиќ.


Други фактори

Како што нагласил докторот треба да се земат предвид и други клучни фактори, како што се:

доволно спиење, бидејќи на измореното тело му е потребна брза енергија

внес на течности, бидејќи жедта често наликува на глад

намалување на стресот, бидејќи стресот ја зголемува потребата за шеќер

редовни оброци, со цел да се спречат „напади на глад“ што водат до импулсивно јадење.


„Слатките нема да исчезнат од животот преку ноќ, но постојаните мали навики можат значително да ја намалат нивната привлечност. А кога го поддржуваме телото со правилна исхрана, сон и рутина, телото повеќе не бара „брзи поправки“, туку функционира стабилно и без ненадејни осцилации“ заклучил Вешовиќ.