Мајка тврди: Нежното родителство беше грешка, одгледав анксиозни деца

Кармин

02/12/2025

15:47

473

Големина на фонт

а а а

Мајка која со години практикувала таканаречено нежно родителство тврди дека направила фатална грешка и всушност одгледала „анксиозни и разгалени деца кои им удоволуваат на другите“.

Таа ја споделила својата приказна во вирално видео, очајно обидувајќи се да ги поправи работите и да ги предупреди другите родители да не ги повторуваат нејзините грешки.

Жаклин Вилијамс стана вирална откако неодамна објавила видео на Инстаграм со пораката: „Можам да ги препознаам децата одгледани со нежно родителство затоа што одгледав две такви…10 години подоцна морам да го поништам…“.


Во описот, таа објаснила како со години верувала дека е мајка за пример која практикува смирено и внимателно одгледување. „Ја потврдував секоја емоција, детално ги обработував чувствата, ги објаснував сите граници, се согласував на компромис, избегнував строги казни. „Мислев дека го правам она што е исправно“, напишала таа.

Шокантно сознание

Потоа децата пораснале – и како што тврди таа, почнале да се покажуваат „нежните“ пукнатини во нејзиното родителство. Како што рекла едното дете станало, „анксиозно за сè (дури и за изборот на грицки), несигурно во своите способности, разгалено (сè е предмет на дебата) и емоционално нестабилно“.


Другото отишло во спротивна насока, претворајќи се во личност која хронично се труди да им удоволи на другите, потиснувајќи ги своите чувства и повлекувајќи се од сите. Тоа сознание ја скршило.

„Многу плачев. Се трудев толку многу да направам сè како што треба … да ги правам работите поинаку од начинот на кој јас бев воспитана“, признала Вилијамс.

Клучната разлика

Потоа ѝ светнало: Проблемот не бил самиот концепт на нежно родителство, туку тоа што несвесно практикувала нешто сосема друго. „Всушност не практикував нежно родителство… без да сфатам, практикував пермисивно (попустливо) родителство“, напишала таа, додавајќи дека многу добронамерни мајки и татковци ја прават истата грешка.

Вилијамс вели дека сега практикува авторитативно родителство, пристап поткрепен со истражувања кој комбинира топлина и структура. Тоа значи поставување јасни граници, цврсти ограничувања и соочување со природни последици наместо бесконечни расправии, а резултатите, како што рекла, дошле изненадувачки брзо.


„Набргу видов: помалку вознемиреност околу одлуките, поголема самодоверба при испробување нови работи, помалку преговарање/разгаленост и подобра регулација“, објаснила Вилијамс.

Расправа на социјалните мрежи

Нејзиното видео предизвика лавина реакции од родители на социјалните мрежи, при што многумина се прашуваа дали во нивните домови нежното родителство се претворило во родителство без правила.

Еден корисник отворено го кажал тоа: „Нежното родителство не е исто што и попустливото родителство. Нежните родители сè уште имаат цврсти граници“.


Друг додал: „Нежното родителство едноставно значи да не ги удирате или викате на вашите деца кога не можете да ги поднесете, и јас ќе се држам до тоа. Тоа не значи дека им дозволувате да прават што сакаат.“

Самата Вилијамс се вклучила во расправата за да ја разјасни својата намера: „Поентата е да се покаже колку е лесно да се премине во попустливо родителство“, нагласила таа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk