Сакале да купат куќа за 1 евро во Италија – таму ги дочекала суровата реалност: „Зад романтичната идеја стојат сериозни пречки...“

Точка

27/11/2025

15:30

1.642

Големина на фонт

а а а

Звучи како остварување на сонот – куќа во Италија за само едно евро, море, вино, сонце и нов почеток далеку од стресот и секојдневието.

Токму со таа идеја се водело американското семејство кога одлучило да се пресели во Италија и да се обиде да најде нов дом преку популарната програма „куќа за едно евро“.

Но, наместо очекуваниот рај, наишле на низа пречки, разочарувања и реалност која е далеку од разгледница.


Лорен Маркам и нејзиниот сопруг Бен, родители на мало бебе, почнале да ја разгледуваат опцијата преселување во странство за да побегнат од скапиот живот во Америка. Ги привлекла идејата за едноставен живот, поврзаност со заедницата и повеќе простор за креативност.

Сардинија се чинела како идеална дестинација, особено затоа што Бен имал едно посебно барање: можност за сурфање.

Зад „романтичната“ идеја сериозни пречки

Тие ја откриле програмата „куќа за едно евро“ која италијанските власти ја промовираат како начин да се оживеат опустошените села и историски центри.

Сепак, набрзо потоа станало јасно дека зад оваа „романтична“ идеја стојат сериозни обврски – купувачот мора да ја реновира недвижнината во зададениот рок, процесот често е коплициран, а самата цена на куќата често не останува на симболичен износ.

Едно од местата кои ги посетиле било гратчето Седини во северна Сардинија, каде ја запознале Лилијан Форина, жената која веќе поминала низ целиот тој процес. Таа во Сардинија иницирала локална верзија од програмата, обидувајќи се да го оживее градот со помош на новите доселеници.

Сепак, Лорен и нејзиниот сопруг набрзо сфатиле дека животот во малото гратче не е она што го замислиле – изолацијата, жештината и бирократијата ја нарушиле идилата.

„Минатото лето со Бен и нашето бебе отидовме во Италија да го обиколиме Седини и сличните места. Беше жешко, тешко за дишење, а реалноста не одговараше на нашите романтични претстави. Сфатив дека попрво би живеела на село отколку во центарот на некој мал град, а тоа програмата не го нудеше“, изјавила Лорен.


Дополнителен проблем – скептицизмот на локалните жители

Еден од дополнителните проблеми е и скептицизмот на локланите жители. Како што изјавила градоначалничката на Седини, иако луѓето сакаат градот да опстане, многу од нив не се подготвени да ги продадат своите куќи на странци. Меѓу жителите веќе постои „недостаток на доверба“ кон нови лица, што дополнително ги комплицира работите.

Приказната на Лорен дополнително ја потврдува искуството на Џенифер Фортун, ветеринарка од Флорида во Америка која исто така одлучила да се обиде да купи куќа во Италија. Нашла прекрасна куќа на северот од земјата, но набрзо потоа се соочила со вистинска џунгла, документација и напорно реновирање.

Иако не говори италијански, таа не се откажала. Со помош на адвокат, ентузијазам и кредитна картичка, продолжила да се бори со сите предизвици. Сепак, дури и со нивна помош, процесот бил исцрпувачки.

А, кога конечно ја купила куќата, тогаш почнале маките со реновирање поради бројните одлуки кои морала да ги донесе, но и административните препреки.


„Мала Америка“

Градот како Самбука ди Сицилија го нарекуваат „мала Америка“, а идентитетот на локалните заедници сѐ повеќе се става под знак прашалник.

И додека едни во сето тоа гледаат шанса за обнова на заборавените села, други предупредуваат на ризик од претворање на локалните традиции во туристичко шоу.

Професорот по урбанизам Паоло Пилери порачува дека градот не го прават само куќите туку и мрежата на однос и секојдневната пракса, нешто што не може да се купи ниту да се обнови за едно евро.

На крај Лорен и Бен се вратиле во Калифорнија, несигурни во тоа дали Сардинија е она што го барале. А, искуиството им помогнало да сфати едно – понекогаш не е потребна голема промена за да бидеме среќни туку само можност на избор и соништа кои не мора да ги оствариме, но кои убаво е да знаеме дека постојат.