[ВИДЕО] Под Мексико се крие чудо на природата: Подводна пештера долга неверојатни 520 километри која го одзема здивот

Точка

27/11/2025

09:23

719

Големина на фонт

а а а

Под гламурозните одморалишта, плажи и луксузни хотели на полуостровот Јукатан кои привлекуваат милиони туристи годишно, се крие еден од најфасцинантните подводни светови на планетата.

Додека на површина се слуша џагорот од туристите, само неколку метри под нив се простира огромна мрежа на тунели, подземни реки и кристални пространства, познати како „Ox Bel Ha“ (три патеки во вода).

Единствени суштества

Овој спектакуларен подводен (пештерски) систем, е најголем од таков вид на светот, а до денес е истражен на должина од 524 километри, но се верува дека реалната бројка е уште поголема.

Истражувачите во системот откриле „комори“ обложени со минерални кристали кои под светлината на нуркачките ламби блескаат како мраз, пренесува „Daily Mail“.

Во подводниот систем постојат и огромни делови каде има 38 единствени видови, еволутивно приспособени на мракот и тишината.

Голем ризик за истражувачите

Геолозите објаснуваат дека „Ox Bel Ha“ се формирал пред неколку милиони години.

Кога последното ледено доба било завршено, растот на нивото на морето го потопил овој свет и го „запечатил“ во денешниот облик.

За истражувачите секое нуркање таму претставува комбинација од физичка издржливост и подготвеност на соочување со смртен ризик.

Нуркачите поминуваат низ тесни пукнатини во кои одвај може да застане човек, влечат опрема на себе, трошат кислород побрзо отколку на површината и секогаш ризикуваат да го изгубат кабелот којшто ги води назад во безбедна зона.

Секоја грешка може да стане фатална.

Со децении ги мапираат тунелите

Фасцинантниот подводен систем откриен бил во 1996 година кога влезот бил пронајден. Од тогаш тимовите истражувачи, меѓу кои и групата „CINDAQ“ се посветиле на мапирање на тунелите, но без оглед на постојаните напори овој предел постојано изненадува.

Уште во 2022 година, нуркачите пронашле цел неистражен тунел додека го следеле кабелот за којшто сметале дека е веќе детално испитан.

„Изгледаше како да сме првите луѓе кои влегле таму“, рекле истражувачите тогаш.

Трагедија во мрачните длабочини

Опасноста од истражување ја потврдил и трагичниот настан во април 2022 година, кога искусен нуркач исчезнал во текот на нуркањето. Подоцна неговото тело било најдено на неколку сантиметри од резервната боца.

Се претпоставува дека бил дезориентиран, го потрошил воздухот и не успеал да се спаси.

Иако „Ox Bel Ha“ е најдолгиот познат подводен систем на земјата, научниците веруваат дека неговиот полн обем е делумно откриен.