[ВИДЕО] Крвожедните стаорци развиле нова тактика за лов, научниците се шокирани: Ова е потенцијална закана и за луѓето

Точка

26/11/2025

13:02

2.034

Големина на фонт

а а а

Германски истражувачи забележале невообичаено и досега недокументирано однесување на градските глувци на два спелеолошки локалитети – Лунебургер Калкберг и Зегебергер Калкберг.

Впечатливите снимки од инфрацрвените камери прикажуваат глувци во „ноќни заседи“, при кои ловат лилјаци во лет.

Напад во целосна темнина

На снимката гледаме еден кафеав глушец кој во целосна темнина го открива пленот со помош на своите мустаќи, а потоа скока на лилјакот и го убива со каснување во вратот.

„Ова е првпат во Европа да забележиме толку изразени предаторски инстинкти кај обичниот градски глушец“, изјавиле научниците.

Во една сезона, само 15 глувци можат да уништат помеѓу 2.000 и 8.000 лилјаци, што лесно може да доведе до локален колапс на популацијата, пренесува „Daily Mail“.


„Резервоари“ на зоонозни патогени

Меѓутоа, биолошката драма во споменатите пештери има и пошироко епидемиолошко значење. Глувците и лилјаците се сметаат за клучни „резервоари“ на зоонозни патогени – од коронавируси и парамиксовируси до хантавируси и хеморагични трески.

Директен контакт меѓу овие две видови порано е ретко документиран, а токму таквата интеракција претставува потенцијална точка на пренос на вируси од едно животно на друго – и евентуално кон луѓето.

Иако нема докази дека таков пренос веќе се случил, експертите предупредуваат дека новооткриените предатори во урбаните екосистеми би можеле да создадат поволни услови за еволуција на нови соеви.


„Превентивните мерки се едноставни“

„Ова е сигнал за тревога, но не и причина за паника. Превентивните мерки се едноставни и ефикасни“, нагласуваат истражувачите.

Тие вклучуваат отстранување на отпадот и храната, контејнери отпорни на глувци, како и контрола на инвазивните глувци во близина на пештерите, сè со цел да се избегне непотребна близина меѓу овие две важни, но потенцијално опасни животински видови.

Брзата акција, истакнува студијата, не ги штити само лилјаците – туку и луѓето.