[ФОТО/ВИДЕО] Нов здравствен геџет: Паметни обетки кои го мерат протокот на крвта, пулсот, квалитетот на сонот и температурата

Точка

26/11/2025

14:45

308

Големина на фонт

а а а

По паметните часовници и прстени, сега се на ред обетките.

„Лумиа 2“ сензорот за обетки што бил развиван шест години во Бостон, може да ги мери протокот на крвта, пулсот, квалитетот на сонот и телесната температура.

Клучни фактори што влијаат на енергијата

Дали го знаете чувството кога нагло ќе станете па ќе почувствувате вртоглавица? Следењето на протокот на крвта може да објасни зошто се случува ова. Токму ова ги издвојува овие обетки од другите слични уреди.

На задната страна од левата обетка прикачен е сензор за инфрацрвена светлина, кој го мери протокот на артериска крв во површинската артерија на увото. Онаа што е најблиску до мозокот.


Од друга страна, повеќето слични уреди користат зелено светло и го мерат протокот на крв на зглобот или прстот, што дава помалку прецизни податоци.

„Лумиа 2“ нѝ овозможува да видиме како различните активности, храната, окружувањето и слично влијаат на протокот на крвта, што нѝ помага во формирање на подобри навики“, пишува на веб-страницата на компанијата.

Протокот на крвта зависи од различни фактори, така што постојано се менува. Во зависност од тоа што сме вечерале, колку вода или кафе имаме испиено или колку сме вежбале. Според тврдењата новиот сензор може да ги мери сите тие промени.


Како што објаснија експертите кои работеле на проектот информациите за здравјето најдобро можат да се добијат преку увото и додадоа дека паметните прстени биле чекор по часовниците, а дека токму обетките се тие кои прават скок и ја отклучуваат иднината на здравствената технологија.

Може да се монтира на кои било обетки

Сензорот за обетки ќе биде направен од антиалергиски материјали, како што се титаниум и платина, а доаѓа во три различни бои. „Huggie Hoops“, „Cuffs“ и „Ball Studs“ – златна, сребрена и проѕирна варијанта.

Паметниот уред се монтира на лева обетка. Содржи сензор, батерија и процесори и може да се монтира на која било обетка. Дизајниран е да се носи 24/7 – за време на спиење, вежбање па дури и туширање. Се полни без соблекување бидејќи уредот има модуларни батерии кои лесно се вадат и ставаат, а една батерија трае помеѓу пет и осум денови.


Исто така уредот има и систем за заклучување за обетките да бидат безбедни за носење и за корисниците да не ги изгубат.

Компанијата исто така тврди дека нивниот производ е најмалиот нослив уред во светот. Една обетка тежи еден грам и е пет пати помала од „AirPad“.

Уредот бил развиен во соработка со универзитети

Уредот бил развиен во соработка и партнерство со истражувачи од „Харвард“, „Џон Хопкинс“ и „Дјук“.


Производот функционира исклучиво со претплата, која овозможува пристап до сите функции и бесплатни надградби на хардверот за 9,99 долари месечно. Очекуваната малопродажна цена на самиот уред е 249 долари. Комплетот вклучува една активна и една соодветна неактивна обетка кои можат да се резервираат преку веб-страницата на компанијата.