Градот во којшто има најниско ниво на стрес го истакнува својот мир и комфор за своите посетители.
- Краков е најопуштениот град во Европа.
- Градот е пристапен и пријатен.
- Главниот плоштад и Казимиерц се атракции со највисоки оцени.

Патувањата често носат стрес. Ново место, непознат јазик, друга култура... Сето тоа се фактори кои можат да влијаат на нашето искуство и комфорот. „LateRooms“, британскиот портал за резервација на хотели кој ја покрива Велика Британија, Европа и останатиот свет одлучил да состави листа на европски градови кои даваат најмногу опуштање.
Меѓу критериумите за оценување биле искуствата на аеродромите, цените во хотелите, туристичките атракции и трошоците за трансфер. На врвот од листата е Краков. Полскиот град остварил многу високи резултати во клучните категории како што се „пристапност за пешаци, поволни цени и атмосфера“.

„Поплочените улици и плоштади во Краков лесно е да се истражуваат пешки, а цените на хотелите почнуваат од околу 80 евра од вечер. Главниот плоштад е најценетата атракција во градот, со оцена 4,8 од 5 на „Trip Advisor“. За помирна атмосфера, прошетајте низ Казимиерц каде ќе најдете кафенце, продавници за винтиџ работи и пријатни вински барови“, наведува „LateRooms“.

На листата се нашле и следните градови:
Копенхаген (Данска);
Прага (Чешка);
Берлин (Германија);
Венеција (Италија);
Палма де Мајорка (Шпанија);
Барселона (Шпанија).














