Од 50.000 луѓе, речиси сите го навеле истиот квалитет – ова е најпривлечната особина кога бираме потенцијален партнер, покажа истражувањето

Точка

21/11/2025

11:33

843

Големина на фонт

а а а

Големото истражување покажало која особина луѓето најчесто ја сметаат најпривлечна кај потенцијалните партнери, а доколку поминувате многу време во барање некои други квалитети, тогаш овој можеби ќе ве изненади.

Љубовните склоности покажувале јасни обрасци кои се повторувале ширум светот, во разни култури, што ги потврдуваат и наодите на антрополозите.

Биолошкиот антрополог д-р Хелен Фишер истакнува дека истата склоност се појавува и во традиционалните племенски заедници и во модерното општество.

Според нејзиното објаснување, на изборот на партнер влијаат низа различни фактори.


За тоа кој ќе ни биде привлечен важно е кога стапуваме во врска, потоа социоекономската рамка во која се наоѓаме, како и целите кои ги имаме во животот, но секако и неврохемискиот процес во мозокот.

Нивото на различни хормони, како што се допаминот, серотонинот, тестостероните и естрогенот имаат клучна улога во тоа какви луѓе бираме за партнери.

Во своето големо истражување во кое учествувале 50.000 луѓе, д-р Фишер утврдила дека испитаниците најчесто ја наведуваат интелигенцијата како најпривлечна особина. Дури 80 отсто од самците сакале партнер со приближно интелектуално ниво, додека пак 89 отсто би се впуштиле во врска со некој којшто е „значително образуван“.

Ништо како паметот

Како што истакнува таа, овие резултати не се изненадувачки затоа што интелигенцијата се поврзува со вашите приходи, креативноста, смислата за хумор, општествените вештини и полесно решавање на проблемите. Токму затоа често нагласувала дека паметот го зацврстува односот.

„Паметот е афродизијак“, вели д-р Фишер.

Нејзиното истражување укажува на тоа дека луѓето најчесто се заљубуваат во лица чиј ум им функционира слично со нивниот. Овој образец го потврдуваат и долгогодишните податоци од платформата „match.com“ и „chemistry.com“.


Било докажано дека оние кои сакаат ризик и нови работи, кои таа ги нарекува „истражувачи“, се под големо влијание на допаминскиот систем и главно бираат слични партнери.

Истиот образец важи и за „градителите“, типови кои се поврзани со серотонинскиот систем и кои ја вреднуваат стабилноста, редот и традицијата.

Типот „директори“ бил обележан со тестостеронски профил, а оние кои најчесто се поврзувале со нив се „преговарачите“ – емпатични, интуитивни лица кај кои доминира естрогенскиот систем.

Иако никој не припаѓа исклучително во една категорија, Фишер нагласува дека луѓето потсвесно проценуваат колку некој им е интелектуално близок.