Роботаксито на „Tesla“ вози, а безбедносниот оператор зад волан – спие

Точка

21/11/2025

08:17

309

Големина на фонт

а а а

По серијата статистички неповолни судири од лансирањето на услугата во Тексас, нови инциденти во Сан Франциско откриваат дека безбедносните оператори во автономните такси-возила на „Tesla“ спијат додека автомобилот е во движење.

Роботакси-услугата на „Tesla“ е инволвирана во повеќе судири откако беше пуштена во ограничен обем ова лето во Тексас, што повторно ја отвори дилемата: дали самовозечките такси-возила навистина се подготвени за реални услови на патиштата? Иако компанијата тврди дека безбедносните оператори седат во секое автономно возило и се должни веднаш да ја преземат контролата доколку системот се соочи со проблем, статистиката покажува дека судирите се почести отколку кај човечки возачи и кај конкурентските роботакси-системи. Новите информации дополнително ја поткопуваат довербата во услугата.

Спиење на должност

Дополнителна сомнеж во сигурноста на услугата "Robotaxi" отвори прашањето за компетентноста на безбедносните надзорници на „Tesla“. Нивната задача е едноставна, но критична: да седат зад воланот и да бидат будни, подготвени за моментално преземање на контролата. Но изгледа дека некои од нив не ја сфаќаат сериозно оваа обврска.

Најдобар пример за тоа е објавата на "Reddit", каде еден корисник тврди дека надзорникот во неговото роботакси во Сан Франциско заспал — трипати за време на истата возачка рута. Патникот успеал да сними една од епизодите на дремка, а видеото прикажува како операторот е потпрен и буквално задремува зад волан, додека возилото продолжува да се движи. Секојпат кога би заспал, во автомобилот би се активирал безбедносниот аларм, кој со силно пискање го будел.

My Tesla Robotaxi “safety” driver fell asleep
byu/ohmichael insanfrancisco

Корисникот на саб-редитот r/sanfrancisco напишал дека веднаш го пријавил инцидентот преку апликацијата на „Tesla“, нагласувајќи дека поседува видео-докази. Меѓутоа, компанијата никогаш не се јавила со одговор. По повеќе од една недела чекање, одлучил објавата да ја направи јавно достапна бидејќи, како што вели, проблемот е сериозен и јавноста мора да знае.

Приказната добила уште поголема тежина кога се јавил втор корисник на "Reddit", тврдејќи дека имал ист безбедносен оператор — кој исто така спиел речиси цело време за време на неговата возачка рута.

Од „Tesla“ сè уште нема официјална реакција.