Актерката Ванеса Хаџенс откри дека се соочува со опаѓање на косата по породувањето. Таа објави фотографии на социјалните мрежи што загрижија многумина нејзини обожаватели.
Потсетуваме, актерката и нејзиниот сопруг, поранешниот МЛБ играч Кол Такер, го добија своето второ дете пред четири месеци. Тогаш убавата вест ја објавија на Инстаграм и тоа преку емотивна фотографија од мајката и бебето од болничкиот кревет.

Сега актерката, четири месеци по второто породување, се огласи на Инстаграм и откри дека се соочува со опаѓање на косата. Во својата Инстаграм приказна објави фотографии од својата коса со опис:

„И така, почнува“, алудирајќи на тоа дека ѝ опаѓа косата по породувањето. Набргу потоа објави и селфи со коментар: „Имам одлична фризура и покрај тоа што ми опаѓа косата, лол.“

Инаку, постпородилното опаѓање на косата е вообичаена појава предизвикана од хормоналните промени што се случуваат за време на бременоста и по неа.
Според „Cleveland Clinic“, засиленото опаѓање на косата обично се јавува околу три месеци по породувањето и може да трае до шест месеци. За среќа, тоа е привремена состојба која во повеќето случаи не треба да биде алармантна.