[ФОТО] Ги привлече сите погледи на присутните: Британската убавица во креација која едвај ги прекрива интимните делови

Точка

19/11/2025

13:06

1.375

Големина на фонт

а а а

Британската водителка уште еднаш докажа дека е вистинска заводничка. Со последната модна комбинација таа предизвика „хаос“ на црвениот тепих...

Синоќа во Лондон се одржа доделувањето на наградите „Мажи на годината“, што традиционално ја организира претставништвото на магазинот „GQ“. Многу славни ѕвезди со задоволство прошетаа по црвениот тепих за да ги покажат своите гламурозни, а често и провокативни комбинации.

Меѓу присутните беше и британската убавица, познатата водителка Маја Јама, која со својот изглед ги привлече сите погледи на присутните.


Како што може да се забележи, таа носела атрактивна комбинација – горен дел составен од црн сатен и кожно здолниште со потпис на италијанската дизајнерка Елизабета Франки. Овие модни парчиња се дел од колекцијата пролет/лето 2026 и совршено ја нагласиле витката фигура на Маја.


Треба да се истакне дека најголем впечаток кај модните критичари, но и кај гледачите пред малите екрани, остави миди здолништето. Поточно, ресите кои ги откривале нејзините витки нозе и кожниот материјал што едвај го прекривал интимниот дел од телото.

Стајлингот го заокружила со златни аксесоари, впечатлива шминка што ѝ даде лик на вистинска заводничка и локни во т.н. афро стил.