Новиот „Mercedes GLB“ нуди вистински домашен комфор дури и на поларни температури, порачаа од компанијата.
Во „Mercedes“ имаат големи очекувања од новата генерација "GLB", модел кој треба значајно да ја зголеми популарноста на брендот во брзорастечкиот сегмент на компактни SUV-возила. Новиот "GLB" моментално ја минува фазата на екстремни тестирања во климатските тунели на технолошкиот центар во Зинделфинген.
Да потсетиме, новиот "GLB" – кој ќе се нуди и во конфигурација со 7 седишта – ќе биде претставен на 8 декември годинава.

Тестирање на минус 40 и плус 60 степени
"GLB" минува симулации на екстремни услови: од – 40 до +60 степени Целзиусови. Со помош на снежни топови и вентилатори кои создаваат снежни удари со брзина до 200 km/h, инженерите ја проверуваат издржливоста на бришачите, видливоста и ефикасноста на греењето.
Кабина што се загрева двојно побрзо
Системот за греење е една од најимпресивните новини. На температура од – 15 степени, новиот "GLB" ја одмрзнува шофершајбната за само 15 минути користејќи ја исклучиво функцијата за одмрзнување – без вклучување бришачи.
За време на 20-минутно возење на – 7 степени, кабината се загрева двојно побрзо во споредба со претходната генерација. Дури и подобро од модели со конвенционален погон, а со двојно помала потрошувачка на енергија.

Клучниот елемент е иновативната топлотна пумпа развиена врз основа на програмата „VISION EQXX“. Како мултисистемска пумпа, истовремено користи три извори на енергија: топлина од електричниот погон, топлина од батеријата и топлина од околниот воздух.
Благодарение на оваа „бесплатна“ енергија, пумпата драматично ја зголемува ефикасноста на "GLB" и троши околу една третина од енергијата што би ја барал класичен дополнителен грејач.
Во топлинската комора пак се тестира отпорноста на силно сонце, со соларен систем кој симулира пустинско ниво на зрачење.
Повеќе комфор лето и зима
Во пракса, "GLB" летно време ќе се загрева побавно. Големиот панорамски кров добива напредни слоеви што го намалуваат загревањето во лето и топлинските загуби во зима.
Зимниот "LowE"-премаз ја рефлектира топлината назад во кабината. Инфрацрвениот слој е дебел само 200 нанометри – многу потенко од човечка влакно (околу 50.000 нанометри).

Опционално, неговата проѕирност може да се менува за милисекунди, а достапен е и ефект на осветлено „ѕвездено небо“.
Комфорна и технолошки напредна внатрешност
Внатрешноста добива целосно нов дизајн со акцент на чисти линии и врвна технологија. Најимпозантен е опционалниот "MBUX Superscreen", кој ја покрива целата ширина на арматурната табла.
Новите вентилаторски отвори, централната конзола и управувачот се обликувани за подобра ергономија и интуитивно користење.
Просторноста е значително подобрена:
• во првите два реда е зголемена висината до кровот,
• во вториот ред има повеќе простор за нозете,
• третиот ред е попристапен благодарение на системот "Easy-Entry" и целосно се преклопува во подот на багажникот.

Новиот оперативен систем „MB. OS“ носи напредна навигација, интелигентен виртуелен асистент и богата понуда апликации.
"GLB" стандардно доаѓа со "DISTRONIC" систем за одржување растојание и користи мрежа од осум камери, пет радарски и 12 ултразвучни сензори.
Цена? Рано е за официјални бројки, но како ориентација може да послужи фактот дека актуелниот "GLB" започнува од околу 52.000 евра, а „GLC“ од 62.000 евра.














