[ВИДЕО] Куче кое боледува од депресија започнало да „работи“ во градинка: Ги загубила кученцата, па нашла нови „дечиња“ – Ова мора да го погледнете

Точка

13/11/2025

19:16

1.985

Големина на фонт

а а а

Кога едно куче ги изгубило своите кученца, луѓето одлучиле да го поврзат со децата во градинка, а резултатот воодушеви илјадници луѓе на социјалните мрежи.

Понекогаш животот нè изненадува токму тогаш кога мислиме дека повеќе немаме сила за нови почетоци, особено кога нè совладуваат тешки мисли. Вистината е дека тагата не е „резервирана“ само за луѓето, таа може да ги погоди и животните. Докажано е дека и милениците можат да паднат во депресија, што всушност е случај и со кученцето кое ги загубило своите кученца.

Сепак, луѓето околу неа не оставиле ништо на случајност, го однеле во детска градинка, каде што повторно почнало да се радува како некогаш.


Таму ја „вработиле“ да работи со најмладите, а нејзината нежна природа ги учела децата што значат емпатија и љубов, и колку е важно да се биде сочувствителен.

Видеото брзо ги преплави социјалните мрежи, а корисниците не престануваат да коментираат емотивни пораки:

„Значи, ако луѓето имаат депресија, треба само да отидат некаде каде што има многу кученца и да се дружат?, „Колку е ова прекрасно“, „Изгледа толку среќно, особено кога ја подава шепата да ја држат“ „Сега ми се плаче“, „Толку е слатко!“, „И домовите за стари лица треба да имаат кучиња или други животни – би им годело, ова е толку убаво“, „Тоа куче сега ги гледа тие деца како свои“.