[ФОТО] Поплавениот ресторан на Тајланд стана сензација: Гостите јадат окружени со риби

Точка

14/11/2025

18:48

791

Големина на фонт

а а а

Во ресторанот „Pa Jit“ во провинцијата Након Патом, на околу 30 километри од Бангкок, во менито има риба, но таа плива и во ходниците, удира во нозете на гостите под масите, а никој не се жали.

Овој семеен ресторан стана сензација откако реката Тачин се излеа од коритото пред 11 дена, пренесе АП.

Прво, е преплавен со риби, а потоа и со бран воодушевени гости со фотоапарати. Сега ресторанот е полн до последното место, а околу 60 гости ручаат во секое време.


Семејства уживаат во ручекот додека најмалите си играат со рибите што им се врткаат околу нозете.



Персоналот во чизми носи чинии со рибна супа и пилешки тестенини од маса на маса, додека гостите позираат или фрлаат храна на рибите за да ја гледаат возбудливата битка за оброкот.



Ресторанот „Pa Jit“ постои повеќе од 30 години, според сопственичката Поркамол Прангпремпре, а последен пат бил поплавен пред четири години.


„На почетокот мислев дека нема да ниту еден гостин“ изјави таа.



Меѓутоа како што рече, сега нејзиниот приход се удвоил и дека бизнисот оди подобро по поплавата.

Инаку се очекува Па Џит да биде под вода уште неколку недели, бидејќи високите плими и крајот на сезоната на монсуни го одржуваат нивото на водата високо.



Кога водата ќе се повлече, сопственичката конечно ќе може да здивне, но призна дека ќе ѝ недостигаат рибите и економскиот „бум“ што го донеле.

Иако поплавите донеле необични придобивки за ресторанот „Pa Jit“, тие уништиле многу други делови од Тајланд.