Сопругата на Брус Вилис откри дека ќе го донира неговиот мозок по смртта на актерот: „Сè е веќе подготвено“

Точка

13/11/2025

18:22

1.658

Големина на фонт

а а а

Сопругата на Брус Вилис во својата книга откри сè за борбата на целото семејство со болеста на актерот, како и колку живот ѝ преостанува на холивудската ѕвезда.

Легендарниот актер, кој се соочува со болест за која нема лек, полека се „гаси“, тажно, но за жал вистинито.

Неговата втора сопруга, Ема Хеминг, неодамна го растажи светот откривајќи дека познатиот актер повеќе не живее со своето семејство, туку е сместен во друга куќа на истиот имот, каде што е згрижен 24 часа на ден, а во книгата „Неочекувано патување“ таа изнесе ексклузивна исповед за ова необично и многу болно искуство.


„Смртта автоматски се поврзува со пропаст и загуба, со непознатото. Повеќето луѓе се чувствуваат непријатно поради тоа. Тоа е табу-тема“, пишува Ема Хеминг во нејзиниот водич за нега, „Неочекувано патување“, кој стана вистински бестселер.


Книгата настанала додека таа се соочувала, и сè уште се соочува, со најтешкиот период од нејзиниот живот – сопругот Брус Вилис страда од фронтотемпорална деменција за која нема лек, поради што, за жал, мора да се подготвува за најлошото. И таа и целото семејство.


Долго време избегнувала да размислува за оваа болна, но неизбежна тема. „Мислам дека тоа е затоа што никој не ме научи како да се справам со тагата. Но, болеста на Брус ме принуди да се соочам со неа. Свесна сум дека деменцијата е неизлечива и кон што доведува на крајот“, вели 47-годишната Ема, не криејќи колку е тажна за сè.


„Луѓето со фронтотемпорална деменција живеат во просек од седум до тринаесет години по појавата на првите симптоми“, рече таа, додавајќи дека мозокот на Брус Вилис ќе биде дониран. Веројатно тоа е она што самиот актер го одлучил додека сè уште можел да размислува, со оглед на тажниот факт дека болеста брзо напредува, бришејќи му ги сеќавањата и лишувајќи го од моќта да зборува и оди.


„Сметам дека таквата донација е неверојатно важна. Таа ќе придонесе за напредокот на истражувањето, третманот, а можеби и еден ден откривање на лек, не само за ова, туку и за други невродегенеративни болести како што се Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест“, истакна Хеминг.