Познатиот актер е принуден да ги продаде реквизитите кои му останале како спомен по култната улога: Потребни му се пари за лекување од рак

Точка

13/11/2025

20:24

651

Големина на фонт

а а а

Џејмс ван дер Бик, ѕвездата на серијата „Досон Крик“, одлучи да продава реквизити од филмовите и сериите на кои работел за да собере средства за лекување на ракот на дебелото црвео од кој боледува.

Веста дека боледува од оваа сериозна болест ја дозна минатата година, објавува „Гардијан“.

Обожавателите на 48-годишниот актер ќе можат да ги купат предметите на 5 и 7 декември на годишната аукција во живо на зимски забавни сувенири на „Попстор“. Некои од предметите што ќе бидат понудени вклучуваат облека што Ван Дер Бик ја носеше во пилот-епизодата од популарната серија „Досон Крик“ и шапка од филмот „Варсити Блуз“, кој беше снимен во 1999 година.


Носталгично, но неопходно

Актерот, кој е татко на шест деца, призна дека му е тешко да се раздели со овие спомени.

„Ги чувам овие богатства со години, чекајќи го вистинското време да направам нешто со нив, и со сите неочекувани пресврти што животот ги претстави неодамна, јасно е дека времето е сега“, објасни актерот во интервју за „Пипл“, додавајќи: „Иако сум носталгичен додека се разделувам од овие работи, добро е чувството да знам дека можам да ги споделам со оние кои ја поддржаа мојата работа преку аукцијата Попстор“.


Џејмс ван дер Бик, кој не е првиот што ги продава своите „богатства“ откако доби сериозна дијагноза, претходно рече дека има причина да биде оптимист и продолжи да се занимава со глума.

Тешка борба и поддршка од семејството

Ван дер Бик во ноември минатата година јавно ја откри својата дијагноза. Тогаш рекол дека некое време се соочувал со неа во приватност, и дека, со поддршка од најблиските, ги презел сите потребни чекори. „Имам рак на дебелото црево. Постојат причини за оптимизам и се чувствувам добро“, изјавил тогаш за „People“.

Поради болеста, неодамна мораше да го пропушти и првото собирање на актерската екипа од серијата „Dawson's Creek“ по 22 години, но обожавателите ги изненади со однапред снимена видео порака. „Не можам да поверувам дека не сум таму. Не можам да поверувам дека моите колеги и оваа прекрасна екипа нема да ги видам во живо“, порачал тој. Наместо него, на настанот присуствуваа неговата сопруга Кимберли и нивните шест деца, за да му пружат поддршка.