Како Карло Понти од една провинцијалка ja создаде Софија Лорен: Тој имал 37 години и сопруга, таа само 15

Точка

13/11/2025

12:54

1.875

Големина на фонт

а а а

Карло Понти имал успешна кариера, сопруга и 37 години кога за првпат ја видел Софија Лорен на избор за мис. Иако таа тогаш имала само 15 години, тој забележал нешто што другите не го виделе – дивата што подоцна ќе го освои светот. Денес Софија полни 90 години, а ова е приказната за нејзината љубов и нејзиниот подем.

Понти ѝ рекол на младата Софија дека има огромен потенцијал и дека ќе стане филмска ѕвезда – но дека треба да ги „стегне“ колковите и малку да го скрати носот.

Софија се почувствувала непријатно: го сакала својот изглед и не сакала да го менува. Му одговорила дека нема да направи никакви корекции. Понти тогаш почнал да ја почитува уште повеќе – бил навикнат девојките да се подготвени на сè само за да станат познати.


Скандалозен почеток на голема љубов

Седум години подоцна, на 17 септември 1957 година, парот ја официјализирал својата љубов. Иако веќе бил разделен од првата сопруга Џулијана, со која имал син, Понти побарал развод во Мексико и кратко потоа се оженил со Софија. Прославата ја направиле во домашна атмосфера.

Но веќе следниот месец, католичката црква го обвинила Понти за бигамија, а нивниот брак не бил признат. Години траеле судските процеси сè додека обвинението не било повлечено. Бидејќи немале друг избор, во 1962 година морале да го поништат бракот.

И покрај разликата од 22 години, нивната љубов ја надживеала секоја пречка. Добиле два сина – Карло Џуниор и Едуардо – и останале заедно повеќе од половина век, сè до смртта на Понти на 10 јануари 2007 година.


Понти – човекот што ја создаде Софија Лорен

Понти чувствувал дека во рацете држи редок дијамант. Пред да се венчаат, со месеци ѝ пишувал писма и ја учел сè:

– како да зборува без неаполски акцент,

– како да се шминка и чешла без да изгледа провинцијалски,

– кои класици да ги чита,

– која класична музика да ја слуша.

Дури ја научил и како да оди со занишување на колковите – поставувал маси со фиоки во цик-цак, а таа морала со колковите да ги затвора фиоките додека минува меѓу нив.

Бидејќи нејзиното вистинско име било Софија Вилана Шиколоне, токму Понти ѝ го измислил псевдонимот „Софија Лорен“, по кој стана светска ѕвезда.


Љубов што траеше половина век

Софија и Карло живееле заедно 50 години. Таа често говореше дека без својот сопруг никогаш немало да стане тоа што е, и дека „сам Бог и ја подарил таа љубов“.

Две години по неговата смрт, ја прашале дали размислува повторно да се омажи. Одговорила:

„Не, никогаш повеќе. Би било невозможно да се засака некој друг.“