На премиерата на филмот „Wicked: For Good“ во Сингапур, се случила непријатна сцена кога еден обожавател дотрчал до Аријана Гранде и се обидел да ја прегрне толку нагло што речиси ја повлекол со себе.
Синтија Ериво, колешката на Аријана од филмот и блиска пријателка, веднаш реагирала – застанала помеѓу пејачката и непознатиот маж и го отурнала од нејзе, спречувајќи потенцијално посериозен инцидент.
Во исто време, Мишел Јео цврсто ја држела Гранде за рака за да не ја изгуби рамнотежата и да падне под притисокот на ненадејниот напад.
Публиката и фотографите биле видливо шокирани од однесувањето на човекот, како и самата Аријана, која накратко останала без зборови, со збунет израз на лицето. Откако Ериво го оттурнала, обезбедувањето брзо интервенирало и го отстранило обожавателот од килимот.

Ериво доби пофалби за брзата реакција
Снимката од инцидентот брзо се прошири на социјалните мрежи, а корисниците веднаш ја пофалиле Синтија за нејзината брза реакција. „Таа има подобри рефлекси од обезбедувањето“, напишал еден корисник на Икс. „Реагирала побрзо од неколку покрупни обезбедувачи“, „Синтија е заштитничка на Аријана“, беа дел од коментарите.

Многумина го осудија и однесувањето на човекот: „Како е можно на некои луѓе да им е толку тешко да се однесуваат како нормални човечки суштества? Ова е неприфатливо“.
За малку ќе настрадаше во Париз
Инаку неодамна Гранде доживеала друг инцидент во Париз.
Според медиумските извештаи, додека одела кон својот автомобил, едно возило премногу се приближило до неа додека таа сè уште ги поздравувала обожавателите пред влезот. Автомобилот очигледно влегол во пешачка зона, што го натерало обезбедувањето веднаш да реагира – токму кога ѕвездата успеала да избега. Никој не бил физички повреден, но краткиот хаос предизвикал паника меѓу толпата.













