Младата американска актерка Мили Боби Браун се појави заедно со колегите од серијата „Stranger Things“ на настан во „Netflix Tudum“ киното во Лос Анџелес, привлекувајќи големо внимание со проѕирниот мрежест фустан кој го носела.
Мили била облечена во црн, светкав мрежест фустан од брендот „Bronx and Banco“. Станува збор за моделот „Liora“ од овој австралиски бренд, кој може да се најде по цена од околу 920 долари.

Фустанот бил изработен од проѕирна црна мрежеста ткаенина извезена со светки. Меката кадифена панделка го истакнала деколтето, додека дефинираниот струк го следел рамен долен дел со должина до подот. Креацијата била со отворен грб и тенки прерамки.
Браун подигнала дел од својата кафеава коса и ја тргнала од лицето, а нејзината шминка била во неутрални тонови. Стајлингот го заокружила со пар сребрени обетки.

Актерката неодамна беше во центарот на вниманието поради наводите дека го обвинила својот колега од „Stranger Things“, Дејвид Харбор, за вознемирување.
Сепак, двајцата се појавија заедно на премиерата на петтата сезона на серијата во Лос Анџелес, а според нивното однесување на црвениот тепих, многумина сметаат дека меѓу нив нема проблеми.
И покрај тоа, британските медиуми пренесоа поинакви тврдења. Харбор наводно се соочил со внатрешна истрага поради случајот, чиј исход сè уште не е познат. Наводно, тој го снимал финалето на серијата во придружба на свој личен претставник на сетот.


