[ФОТО] Пронајдено богатството на Хабсбургови! По 100 години светот повторно може да се восхитува на познатиот дијамант „Флорентин“

Точка

07/11/2025

14:32

1.195

Големина на фонт

а а а

Легендарниот скапоцен камен на династијата Хабсбург, кој не бил виден од 1919 година и за кој се сметало дека е изгубен, украден или повторно исечен, всушност цело време бил безбедно чуван во една канадска банка.

Редок, висококвалитетен дијамант од 340 карати е ископан во наоѓалиштето В. Гриб во регионот Архангелск во Русија, изјави регионалниот гувернер Александар Цибуљски, пишува „Интерфакс“.

Децении наназад кружеле гласини и шпекулации, поттикнувајќи филмови и романи кои алудирале на судбината на неверојатниот скапоцен камен.


Елегантна форма на круша

Тој повторно се „појавил“ само неколку недели по спектакуларната кражба во Лувр.

Дијамантот „Флорентин“, пронајден недопрен, има 137 карати, елегантна форма на круша и зрачи со блескава златножолта боја.

Пред да стигне во рацете на династијата Хабсбург, веројатно му припаѓал на Медичи, владетелите на Фиренца. Неговото потекло, сепак, останува мистерија.

Тој во објава на својот телеграм-канал наведе дека станува збор за еден од петте најголеми дијаманти пронајдени во Русија.

„Уникатно откритие на локацијата Владимир Гриб – дијамант од 340 карати! Ова е рекорд за целата историја на индустрискиот развој на локацијата каде што работи „АГД дајмондс“ и е еден од петте најголеми дијаманти ископани во современа Русија “, напишал Цибуљски во објавата.

Според зборовите на Цибуљски, дијамантот не е само импресивен по големина, туку и по квалитет и е од висока вредност на пазарот.

„Ваквите кристали сочинуваат 2 отсто од сите природни дијаманти“, рекол тој.

Побарале засолниште во Канада

Кога царот Карло Франц Јозеф Хабсбург-Лотарингиски, или скратено Карло Први, бил принуден да побегне од Виена и да замине во егзил во Швајцарија, дијамантот исчезнал. Познато било дека и некои од неговите други богатства биле пренесени во Швајцарија на чување.

Меѓутоа, потомците на Карло Први сега тврдат дека дијамантот никогаш всушност не бил изгубен.

За време на Втората светска војна, царското семејство побарало засолниште во Канада за да избегне од нацистите. Таму дијамантот, заедно со другите драгоцености, останал во банкарски трезор во тој период, изјавиле три члена на семејството Хабсбург за „Њујорк тајм“с.

Само неколку луѓе знаеле за тоа — во согласност со желбите на сопругата на Карло, царицата Зита, која наводно ја открила локацијата на дијамантот само на две лица, своите синови Роберт и Рудолф, и од безбедносни причини побарала тајната да остане сочувана 100 години по смртта на Карло во 1922 година.


Колекцијата останува во земјата

Според зборовите на семејството, браќата ја пренеле оваа информација на своите синови пред смртта.

Исполнувајќи го своето ветување, потомците на семејството, вклучувајќи го и Карло Хабсбург-Лотариншки, внукот на последниот цар, и двајца роднини — Лоренц фон Хабсбург-Лотариншки, синот на Роберт, и Симеон фон Хабсбург, синот на Рудолф — одлучиле да ги изложат приватните скапоцености.

Во знак на благодарност кон Канада, која ја примил поранешната кралска фамилија, колекцијата ќе остане во земјата. Меѓутоа, повеќе нема да се чува во тајност, а на Канада ѝ е дозволено да го изложи дијамантот „Флорентин“ и другите драгоцености.


„Непосредна проверка“

„Њујорк тајмс“ претходно објави дека дијамантот „Флорентин“, кој ѝ припаѓал на династијата Хабсбург, што владеела со Австриското Царство, не бил украден ниту изгубен во 1919 година, бидејќи аристократското семејство тајно го чувало повеќе од половина век во банка во канадската провинција Квебек.

Австрискиот вицеканцелар и министер за култура, Андреас Баблер, најави „непосредна проверка“ со цел да се утврди дали скапоценоста е сопственост на владата.

„Доколку се покаже дека фирентинскиот дијамант е сопственост на Републиката Австрија, ќе започнам постапка за враќање на скапоценоста. Мојот кабинет веќе е во контакт со австриската амбасада во Канада,“ изјавил тој.