Менаџерката на најголемиот бордел во Европа откри колку заработуваат девојките за една вечер

Точка

05/11/2025

20:01

2.366

Големина на фонт

а а а

Менаџерката на еден од најголемите легални бордели во Европа, Кетрин де Ноар, откри како се формираат цените за клиентите и колку можат да заработат вработените – суми кои достигнуваат и до неверојатни 50.000 евра месечно.

Де Ноар влегла во оваа индустрија на само 22 години, а денес – речиси една деценија подоцна и со диплома по психологија – управува со објект за возрасни. Иако локацијата на борделот ја држи во тајност, таа во интервју за „Ladbible“ отворено зборува за системот на работа и заработката.

Нема фиксни цени – секоја жена одлучува самостојно

Де Ноар објаснува дека во нивниот објект не постои фиксен ценовник, бидејќи тоа им овозможува на жените да не се чувствуваат под притисок да нудат нешто што не им одговара.

„Бидејќи цените се флексибилни, жените можат слободно да ги приспособуваат и да градат своја финансиска стратегија. Веруваме дека ова е многу поздрав пристап", вели таа.

Жените кои работат таму самите одлучуваат кои услуги ќе им ги понудат на клиентите.

„На пример, ако некоја сака да нуди само масажи, стриптиз, анален секс или BDSM услуги – може. Тоа е нејзин избор", појаснува де Ноар.

Таа додава дека понудата може да варира и во текот на неделата.

„На пример, за време на менструација, може да одлучи да работи, но да нуди само несексуални услуги. Таа секогаш има последен збор што ќе му понуди на секој клиент.“

„Единствените цени кои ги одредуваме ние се влезниците и цените на пијалаците во барот", додава менаџерката.

Заработка од 3.000 до 50.000 евра месечно

Според де Ноар, сексуалната работа е „исклучително непредвидлива“, па така некои девојки во една вечер заработуваат и до 5.000 евра, додека други си заминуваат без ниту едно евро.

„Во просек, девојка која работи 5 до 6 дена неделно заработува меѓу 15.000 и 20.000 евра месечно,“ вели таа.

„Оние со највисоки приходи достигнуваат и до 50.000 евра месечно, додека други, кои работат само еднаш или двапати месечно, се сосема задоволни со околу 3.000 евра.“


Строги правила за гостите

Правилата за влез во борделот се јасни и строги.

„Гостите мора да имаат повеќе од 18 години, не смеат да бидат под видливо влијание на алкохол или дрога и мора да се однесуваат со почит кон персоналот", објаснува де Ноар.

„Гостите мора да ги покажат лицата, а во ретки случаи кога некој носи оружје, имаме специјални сефови каде што може да го остави пред да влезе".

Таа додава дека објектот води и „црна листа“ на луѓе кои трајно имаат забрана за влез – најчесто поради сериозни прекршоци или инциденти кои барале полициска интервенција.

„Легализацијата носи безбедност“

Де Ноар е гласен поддржувач на легализацијата на сексуалниот труд, уверена дека тоа го прави овој бизнис „побезбеден и попочитуван“ – и за жените и за клиентите.

„Илегалноста само ги прави работите поопасни – не само за жените, туку и за клиентите", вели таа, споредувајќи ја ситуацијата со прохибицијата на алкохол во Америка.

„Ако некому не му се допаѓа, не мора да стане сексуален работник, ниту да купува такви услуги", додава таа.

„Но, треба да им се дозволи на оние кои го избираат тоа – да работат во најбезбедни можни услови".