Без аеродроми, со туѓа валута, но најбогати во Европа... Лихтенштајн којшто се наоѓа меѓу Швајцарија и Австрија важи за пример за стабилност – ниска даночна стапка, отсуство на јавен долг и висок стандард се синоним за „тивко богатство“.
Официјален јазик во Лихтенштајн е германскиот, а од валута се користи швајцарскиот франк.
Висок стандард, низок данок, без јавен долг
Во земјата со малку повеќе од 30.000 жители, граѓаните уживаат во високиот животен стандард и ниските даноци со економија која е потпрена на финансиски услуги, напредна преработувачка индустрија и „cross-border“ работници од Германија и Австрија кои дневно доаѓаат на работа. Државата нема надворешен долг, а фокусот на јавната политика е на стабилноста, предвидливоста и малите административни оптоварувања.

Култура на „скромна благосостојба“
Во Лихтенштајн богатството не се расфрла –тишина, ред и почит на приватноста се сметаат за државна норма. Криминалот е исклучително низок, жителите често не ги заклучуваат домовите, а полициските службеници ги има симболично малку. Затворската популација е минимална и се третира со нагласени хумани стандарди.
Планински микро-рај
Во Вадуц со околу 5.000 жители доминира средновековниот замок – резиденцијата на владејачките семејства. Иако државата е „долга 24, широка 12 километри“, се нудат атрактивни целогодишни услови за спорт и престојување во природа: назима скијањето и снегот создаваат идила, налето планинарењето е многу популарно, а исто така и велосипедизмот којшто е вистинско бегство од топлината во алпската клима.
Туристичката понуда се потпира на недопрената природа, уредноста и чувството за мир – бегство од метежот и вревата.

„Мала, а голема“ – перцепција на регионот
Популарните регионални јутјубери често истакнуваат дека Лихтенштајн е пример на земја која останала недопрена од она што не е во ред, со коментари дека има прекрасна природа и општествен модел којшто ја наградува работата, редот и скромноста.
Сликата е речиси идилична – нулта стапка на конфликти во политиката, функционални институции и моќно чувство на доверба меѓу луѓето.










