Борбата на „UFC“ предизвика голем скандал – во случајот се вклучи и „FBI“: „Го прашавме дали должи некому пари“

Точка

05/11/2025

17:19

1.315

Големина на фонт

а а а

Претседателот на „UFC“, Дејна Вајт, се сретнал со инспектори од „FBI“ во врска со сомнителни активности при спортско обложување поврзани со борбата меѓу Ајзак Дулгариан и Јадиер дел Ваје. Сомнежите во обложувањето ја поттикнале средбата и можната истрага која може да резултира со тужба, објави "BBC".

Борбата се одржа во саботата во Лас Вегас, во перо категорија, каде што Дулгариан беше голем фаворит за победа. Компанијата за следење на интегритет во спортското обложување „IC360“ го предупредила „UFC“ за невообичаено голем број облози поставени на тој меч.

„Од моментот кога дознавме – реагиравме веднаш“

„Штом ја добивме информацијата, го повикавме борецот и неговиот адвокат. Го предупредивме дека се случуваат чудни обложувачки активности околу неговата борба. Го прашавме дали е повреден, дали должи пари или дали некој му пријде со сомнителна понуда. Момчето рече: „Не, апсолутно не. Ќе го нокаутирам овој тип.“ Рековме добро – и ја дозволивме борбата. Но, тој загуби во првата рунда со задавување од зад грб. Веднаш по мечот стапивме во контакт со „FBI“, – изјави Дејна Вајт, првиот човек на најпознатата светска организација за мешовити боречки вештини.

„UFC“: Интегритетот на спортот ни е приоритет

Од „UFC“ потврдија дека сериозно ги сфаќаат обвиненијата за сомнителни облози и дека во тек е внатрешна истрага поврзана со борбата меѓу Дулгариан и Дел Ваје.

„Здравјето и безбедноста на нашите борци, како и интегритетот на нашиот спорт, се од највисоко значење за нас. Поради тоа ги разгледуваме сите детали околу наводите“, се наведува во соопштението на „UFC“.


Тренерот на Дулгариан: „Немаме никаква поврзаност со тоа“

Тренерот на Дулгариан, Марк Монтоја, решително ги отфрли обвинувањата дека неговиот тим има каква било поврзаност со сомнителното обложување.

„Немаме никаква врска со она за што нè обвинуваат. Никогаш во животот не сум се обложувал на спортски натпревари – дури ни не знам како тоа функционира. Нема такви пари за кои би го продал својот интегритет или ја погазил својата чест. Мојата работа како тренер е мојот живот“, изјави Монтоја.

Инцидентот предизвика големо внимание во спортската јавност, а „FBI“ најави дека ќе ја испита секоја можна поврзаност меѓу обложувањето и исходот на борбата – нешто што би можело да има сериозни последици за „UFC“ и светот на боречките спортови.