Даниеле Де Роси прерано доби отказ на почетокот на минатата сезона и Рома потоа влезе во исклучително турбулентен период, но една година подоцна, се поизвесно е дека некогашниот капитен на „волчицата“ се враќа во италијанската елита.
Како што јавуваат сите најугледни медиуми од чизмата, Де Роси си договорил нов тренерски ангажман во Калчото, и тоа во ситуација кога се слободни две тренерски позиции во елитниот италијански фудбал.
Фиорентина од вчера бара нов тренер по отказот кој му беше врачен на Стефано Пиоли, но Де Роси ќе патува во северозападна Италија.
Џенова се раздели со Патрик Виера по лошата серија на резултати, а во најскоро можно време, Де Роси се очекува да пристигне на промоција на Мараси.
Ова ќе биде трето самостојно искуство на Де Роси како тренер во Италија, бидејќи пред Рома, го водеше и тимот на СПАЛ.







