Хаман за критикуваната ѕвезда на Ливерпул: Реал внимава на него…

Дерби

31/10/2025

14:29

522

Големина на фонт

а а а

Дитмар Хаман е еден од поранешните фудбалски асови кој секогаш има интересни ставови на различни теми и прашања, ставови и коментари со кои добива на публицитет и се наоѓа во фокусот на јавноста.

Хаман пред се зборува за германскиот пазар, фудбал, фудбалери, па така овојпат излезе со теза дека големото летно засилување на Ливерпул, Флоријан Вирц би можеле да го видиме во Реал Мадрид во 2026 година.

Офанзивецот засега се мачи да остави свој печат, белег во таборот на „црвените“ и има забележано само две асистенции на 12 средби во ПЛ и ЛШ и тоа на еден ист меч против Ајнтрахт Франкфурт.

- Врвните играчи порано не беа испрќани на позајмици. Позајмицата беше за играчи кои не играа, но врвните играчи не беа испраќани на заем. Веројатно започна со Филипе Кутињо пред неколку години, кога отиде за 140 милиони или нешто слично во Барселона, а една година подоцна беше позајмен во Баерн Минхен. Не би исклучил ништо во денешниот свет, особено во фудбалот. Се објави дека Чаби Алонсо побарал од Реал Мадрид да ги следи настапите на Флоријан Вирц и она што тој го прави во Ливерпул, мислам дека тоа би можело да биде вистина. Бидејќи знаеме со колку љубов зборува за него. Тој беше причината зошто ја освоија лигата, го освоија купот. Тој беше срцето на тимот на Баер Леверкузен со Гранит Џака, и да, тие го следат. Тој е премногу добар за да не успее во Ливерпул, но поминаа околу 10 натпревари. Никогаш не можете ништо да исклучите.

- Во мое време, Хуан Себастијан Верон дојде во Манчестер Јунајтед како потенцијално најдобриот играч од средниот ред во тоа време. Издржа една сезона. Значи, никогаш не можете ништо да исклучите. Ќе зависи од тоа што ќе се случи во следните неколку недели. Но, како што реков, во моментов не би исклучил ништо, и ако Реал Мадрид го следи, тоа би можело да се случи, - вели Хаман и додава:

- Вирц можеше да има успех во Баерн, но ми се допадна што не го избра лесниот пат; можеше да оди во Баерн, да ја освои лигата и можеби да одигра пристојна улога во Лигата на шампионите. Доколку одеше во Минхен, мислам дека тоа ќе им дадеше поголема шанса да бидат успешни во Лигата на шампионите, иако во моментов се снаоѓаат добро. Тој е жилаво дете и како што реков, еден или два натпревари можат да направат голема разлика. Сè уште не сум се откажал, - порача Диди.