Вардар и по 11-то коло остана лидер на табелата во Првата македонска фудбалска лига и единствен е без пораз во досегашнуот тек од сезоната.
Вардар во дербито на колот го обеди Силекс со 2.1. Со оваа победа, „црвено-црните“, се лидери на табелата со 27 поени, еден повеќе од Струга, три во однос на Шкендија и шест во однос на Силекс.
Жестоко и во добро темпо започна дербито во Скопје. Во првите 15 минути беа постигнати два гола. Омерагиќ погоди за Врадар во осмата минута, а во 14-та изедначи Хрвановиќ.
Во вториот дел, во 85-та минута црвен картон доби голманот на Силекс, Џеков. Невнимателно тој направи фаул врз Салиу надвор од шеснаесетникот.
Победата Вардар ја обезбеди во 100-та минута, кога од пенал погоди Мато. На пеналот му претходеше играње со рака на Ефтимов.






