Водител доби отказ поради морбиден коментар за поранешната ракометарка на Вардар: Јавноста згрозена

Точка

31/10/2025

13:40

6.464

Големина на фонт

а а а

Норвешката ракометна ѕвезда Камила Херем (39), двократна олимписка победничка и трикратна светска шампионка, неодамна храбро се врати на теренот откако во 2025 година ѝ беше дијагностициран карцином на дојка и завршила со хемотерапија.

Враќањето го оствари настапувајќи за својот матичен клуб „Сола“, каде што веднаш на првиот натпревар по лекувањето блесна и ја покажа својата сила и љубов кон ракометот.

Водителот доби отказ

За време на натпреварот против „Гјерпeн“ во Скиен, Херем требаше свечено да биде пречекана со аплаузи, цвеќе и убави зборови на поддршка. Но, спикерот на домашниот тим, Том Гуликсен, изговорил несоодветна шега на сметка на нејзината коса:

„Косата барем не треба да ѝ се фенира“.


Оваа изјава, имајќи ја предвид нејзината борба со губење на косата поради хемотерапија, предизвика бран осуди низ цела Норвешка. Клубот „Гјерпен“ веднаш реагираше и ја прекина соработката со спикерот поради непримерниот коментар.

Гуликсен се извини и изрази жалење за ситуацијата, а Херем, во знак на достоинство, го прифати извинувањето. Нејзиниот сопруг и тренер, Стефен Стегавик, изјави за „TV2“ дека се работи за несреќен и непромислен коментар и дека ситуацијата е решена бидејќи клубот реагирал брзо и упатил извинување.

Кој е Камила Херем?

Камила Херем е една од најистакнатите норвешки ракометарки, позната по својата долга и успешна кариера на позицијата лево крило. Родена е на 8 октомври 1986 година во Ставангер, а ракомет почнала да игра во клубот „Сола“, каде што уште од најрана возраст го покажала својот извонреден талент.

Дебитирала во норвешката лига на само 16 години и оттогаш нејзината кариера е исполнета со бројни успеси.

Меѓу нејзините најголеми меѓународни достигнувања се две златни олимписки медали (2012 и 2024), три златни медали од Светските првенства (2011, 2015, 2021), како и пет златни медали од Европските првенства.


Со националниот тим на Норвешка одиграла 332 натпревари и постигнала 951 гол. Освоила и бројни клупски титули со тимови како „Бјосен“, „Баја Маре“, „Тим Твис Холстебро“ и „Вардар“. Во дресот на „Вардар“ беше прогласена за најдобро лево крило во ЕХФ Лигата на шампиони.

Со својата техника, брзина и прецизност освои признанија како избор во „All-Star“ тимовите и награди за најдобро лево крило на деценијата.

Камила е позната и по својата огромна борбеност, што го покажа и неодамна кога, по битката со ракот на дојка, успешно се врати на терен и продолжи да игра за својот матичен клуб.