Мохамед Салах игра во непрепознатлива форма за свои стандарди и не делува воопшто добро на теренот, па иако ја прекината серијата без постигнат гол на натпреварот против Брентфорд, јасно е дека напаѓачот не делува свежо и опасно како што тоа беше случај изминатите сезони.
Всушност, целиот тим на Ливерпул падна во голема криза и шампионот има само една победа на последните седум натпревари, а шесте порази го натераа Џон Оби Микел да излезе со своја теорија за лошите изданија кои веќе станаа традиција.
– Не смееме да заборавиме дека клубот го потресе голема трагедија која никој не ја очекуваше. Како фудбалери, ние повеќе време минуваме со соиграчите, отколку со своите дома. Губењето на важна личност како Диого Жота остава трага врз играчите.
– Не е важно дали добро сте ја почнале сезоната, таква работа остава белег врз играчите и некогаш испливува на површина.
– Работите се уште се доста свежи и тоа се чувствува во клубот. Само погледнете го Мо Салах. Тој беше многу близок со Жота, затоа е бледа сенка од своето најдобро издание. Навистина сметам дека треба да бидеме малку повнимателни и да имаме разбирање кога го анализираме и критикуваме Ливерпул оваа сезона, – вели Џон Оби Микел во својот подкаст.
 
                                






