„Се омажив, не сум купена“: Жени објасниле зошто одбиле да го земат презимето на сопругот

Точка

28/10/2025

19:12

524

Големина на фонт

а а а

Се зголемува трендот меѓу миленијалките и припадничките на генерацијата Z да не го земаат презимето на своите сопрузи по венчавката. Наместо да се приспособат на традицијата, овие модерни невести одлучуваат да го задржат своето родено презиме и на тој начин да го зачуваат личниот идентитет.

Дискусијата ја поттикна тиктокерката Луси, која во вирално видео ги прашала своите 438.000 следбеници: „За моите девојки кои не го промениле презимето, сакам да ја слушнам вашата причина“. Таа веднаш понудила и свој одговор: „Никогаш не сум ни размислувала за тоа затоа што ова е моето родено име“.


Нејзиниот став предизвика лавина одобрување, особено меѓу жените кои сметаат дека стапувањето во брак не значи одрекување од дел од себе. „Никогаш не сфатив зошто би го менувала за некој друг“, додала Луси, а многумина се согласија дека жените не треба да го отфрлат својот изворен идентитет откако ќе речат „да“.

Нова правила за модерното време

Овој феномен е дел од поширок тренд каде модерните парови ја напуштаат конвенцијата и создаваат свои правила. Од невести кои наместо венчални фустани избираат костими со панталони, до младоженци кои ја напуштаат кариерата за да станат посветени татковци и сопрузи дома, денешните парови не сакаат слепо да го следат статус-кво-то.

„Се омажив, не сум купена“

Жените на социјалните мрежи понудија различни причини за својата одлука. Многумина нагласуваат дека станува збор за застарена практика која потекнува од времето кога на жената се гледало како на сопственост. „Тоа е старомодна традиција базирана на сопствеништво, а јас не верувам дека луѓето треба да бидат сопственост“, напишала една корисничка.


Друга го искажала својот став јасно: „Се омажив, не сум купена. Не сметам дека жената треба да го менува својот идентитет откако ќе се омажи“. Некои понудиле и попрактичен мотив, опишувајќи ја одлуката како комбинација од уверувања и едноставност: „50% феминизам, 50% мразење на бирократијата“.

Се појавил и аргумент за статусот, а една жена духовито забележала: „Моето презиме е Кинг (Крал), а неговото е Батлер. Зошто би се деградирала?“.

Сепак, за мнозинството жени најважно е зачувувањето на индивидуалноста. Како што заклучила една од нив: „Јас сум јас, а не тој“.