Свини заблескала во црниот фустан со големо деколте којшто дал заводлив впечаток пред присутните.
Славната актерка Сидни Свини го истакнала своето препознатливо деколте, за кое луѓето велат дека моментално е најдобро во Холивуд, а таа овојпат се појавила на петтата годишна гала-вечер во Академскиот музеј во Лос Анџелес, пишува „Daily Mail“.

28-годишната актерка која моментално го промовира својот нов филм „Christy“, се појавила со Хејли Бибер основачка на брендот „Rhode“ и 23-годишната ѕвезда од серијата „Wednesday“, Џена Ортега.
Вечерта била посветена на оддавање почит на бројни славни лица, вклучувајќи ги и Брус Спрингстин, Бовен Јанг и Пенелопе Круз.
Свини заблескала во црниот фустан со големо деколте и била една од главните ѕвезди на вечерта.

Русокосата актерка носела сандали на висока потпетица, а косата ѝ била стилизирана во елегантна пунџа, додека прамените убаво ѝ паѓале по лицето.
Минималните додатоци дозволиле фустанот да биде во прв план, а од накит носела мали сребрени обетки и впечатлив прстен на раката.
Актерката која моментално е во врска со музичкиот могул Скутер Браун, позирала насмеана пред фотографите при доаѓањето на холивудски настан.


Ви се допаѓа ли модната комбинација?








